fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за експерти-предавачи со меѓународно искуство во областа на образованието на возрасни за препознавање и валидација на претходно учење

09.8.2024 14:23:42

Врз основа на Решение бр. 25-722/2 од 09.08.2024, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на ЕПАЛЕ Национален сервис за поддршка (НСП) на Република Северна Македонија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за експерти-предавачи со меѓународно искуство во областа на образованието на возрасни за препознавање и валидација на претходно учење

 

Во рамките на ЕПАЛЕ академијата, потребно е ангажирање на експерти-предавачи кои можат да одржат кратко предавање во рамките на ЕПАЛЕ вебинарите на теми поврзани со препознавање и валидација на претходно знаење во областа на образованието на возрасни.

 

Експертот - предавач ќе ја дефинира конкретната тема во областа на образованието на возрасни во соработка со ЕПАЛЕ НСП и на истата ќе подготви презентација во форма на кратко предавање. Експертот - предавач ќе го одржи предавањето во рамките на ЕПАЛЕ вебинар на претходно закажан термин. 

 

На повикот можат да се пријават лица кои имаат експертиза во областа на темата на конкретниот вебинар. Едно лице може да се пријави за предавање во повеќе од еден вебинар.

 

Потребни квалификации:

  • Повеќегодишно меѓународно искуство во областа на образованието на возрасни за препознавање и валидација на претходно учење на темата на ЕПАЛЕ вебинар,
  • Меѓународно искуство во образование за возрасни и
  • Меѓународно искуство во одржување на вебинари.

 

Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:

  • Кратка биографија,
  • Кратко мотивациско писмо во кое е конкретно наведено потребното искуство и
  • Предлог тема/и за предавањето на вебинарот.

 

Експертот-предавач ќе биде ангажирани во периодот септември/ноември 2024 година. За ангажманот ќе биде склучен договор и исплатен надомест за спроведеното во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.

 

Начин на аплицирање:

Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта Ljupka.kjurkchieva@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за експерт-предавач во ЕПАЛЕ академијата со рок на аплицирање до 30 август 2024 година.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на експерти-предавачи со меѓународно искуство во областа на образованието на возрасни за препознавање и валидација на претходно учење  и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 







Поврзете се

    czxczcx