Форум за размена за Европската агенда за младинска работа. Поттикнување на националните процеси за развој на младинската работа
Конференција – Симпозиум – Форум (2 учесници)
11-14 ноември 2024 | Лувен, Белгија
Клучните засегнати страни одговорни за спроведување на Европската агенда за младинска работа во нивните земји се поканети на 3-тиот "Форум за размена за Европската агенда за младинска работа: Поттикнување на националните процеси за развој на младинската работа".
Европската агенда за младинска работа (EYWA) има за цел да ја зајакне и развие младинската работа низ Европа. Нејзиното спроведување се потпира на тековни процеси на национално ниво. Форумот за размена за Европската агенда за младинска работа е годишен настан за резидентни клучни засегнати страни кои ги обликуваат националните процеси во контекст на EYWA во нивните соодветни европски земји.
Претставниците на Националните контакт точки на секоја земја, кои се одговорни за поддршка и управување со националните процеси, се поканети да присуствуваат. Овој повик исто така се упатува до клучните засегнати страни кои го обликуваат развојот на младинската работа и претставници на министерствата одговорни за младите и/или младинската работа и на Националните агенции за младински програми.
ЦЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА
Целта е да се обезбеди простор за взаемно инспирирање, да се понуди можност за размена и градење на знаење за напредокот постигнат во националните процеси и да се обликува идната соработка и поддршка. Програмата ќе вклучува разновидни елементи и методи, вклучувајќи многу можности за размена, вмрежување, рефлексија, ко-креација, заедничко планирање и истражување на можности за финансирање. Исто така, ќе има говори, интерактивни работилници, дискусии за тематски приоритети, разговори за инспиративни практики и презентација на резултатите од истражување за тековната состојба на националните процеси.
Ова е вистинскиот настан за вас ако не можете да чекате да:
Настанот е наменет за:
Настанот ќе се одржи во зградата на провинциската влада во Лувен (Белгија). Организаторите се посветени на правењето на настанот што е можно по достапен за сите (на пример, просторот е достапен за инвалидски колички) и што е можно поодржлив.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 11-14 ноември 2024 во Лувен, Белгија
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 23.08.2024 година.
За аплицирање потребно е да ја пополните целосно апликацијата и поднесете на следниов линк:
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа
ОПШТИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.