fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Повик за учесници за тренинг курс на тема : “Тренер во Солидарен проект“ рок за аплицирање 11.09.2024

03.9.2024 17:26:30

4-8 ноември 2024| Вилнус, Литванија

„Тренер во солидарен проект„ е тренинг курс наменет за обучување на млади луѓе кои имплементираат солидарни проекти. Целта е да се подобри квалитетот и поддршката на тренерите кои конкретно се вклучени во имплементација на солидарните проекти.

ЗАБЕЛЕШКА:

  • Овој тренинг курс е наменет за оние кои се активни во полето на солидарни проекти, односно веќе активно поддржуваат група на млади луѓе како тренери, или пак планираат да станат тренери во блиска иднина.
  • Овој настан НЕ е наменет за учесници кои сакаат да се здобијат со кариерни вештини за тренер.
  • Не е потребно претходно искуство како тренер.
  • Од учесниците се очекува да имаат основно разбирање за програмата Европски солидарен корпус и за солидарните проекти.

Кој може да биде тренер во солидарните проекти?

Личност која има способност и вештини да придружува групи на млади луѓе и да го поддржи нивното учество. Исто така, тренерот треба да може да го олесни и поттикне квалитетот на процесот на учење и да помогне во идентификација и докуменирање на резултатите од учењето на крајот на проектот, врз основа на програмскиот водич.

Што е целта на тренинг курсот ?

Цел на овој тренинг курс е да се истражат можностите за поддршка на младите луѓе кои ги спроведуваат солидарните проекти во рамките на  на Европскиот солидарен корпус.                                                                       

Кои се конкретните цели?

  • развивање на заедничко разбирање на улогата и важноста на тренерот во солидарните проекти;
  • истакнување на важноста на работата на тренерите во солидарните проекти и што можат тие да донесат во проектот ;
  • стекнување со основно разбирање за процесот на обука;
  • можност за обука за тренер во безбедна средина;
  • градење заедница на тренери;
  • разбирање на идејата за солидарност во солидарните проекти;
  • планирање на следните чекори, пренесување на знаењето во реалната работа со учесниците.

Начин на работа со учесниците на тренинг курс ?

  • Ќе се користи неформален едукативен пристап со кој учесниците ќе бидат охрабрени да ги споделат своите искуства и најдобри практики, како и да употребуваат различни алатки;
  • тренерите за учесниците ќе обезбедат податоци и различни алатки за обука, но и можност за работа во безбедна средина;
  • Ќе биде обезбеден простор за трансфер – преку креирање акциони планови за тоа како новите знаења и вештини стекнати за време на тренингот ќе може да се применат во реалните проекти.

За кого е наменет овој настан?

  • за младински работници и вработени во организации кои поддржуваат солидарни активности .
  • волонтери и професионалци кои ги поддржуваат младите луѓе
  • тренери на солидарни проекти  

Од учесниците се очекува:

  • Да имаат претходно искуство во солидарните проекти ( како учесници, младински работници, или да биле волонтери во организации кои имплементираат солидарни проекти)
  • Да присуствуваат на целиот тренинг курс, вклучувајќи ги и Zoom состаноците за подготовка и евалуација (2 онлајн состаноци на Zoom со времетраење од 90 минути секој состанок)
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Да се подготвени да ги применуваат стекнатите знаења како тренер во секојдневната пракса. 

Не е потребно претходно искуство како тренер – на тренинг курсот учесниците ќе се запознаат со концептот и основните алатки за тренер.

Овој тренинг курс НЕ е за оние кои се веќе професионални тренери за кариера или живот, тој е наменет за младински работници кои сакаат да се здобијат со алатки за тренер за да ги поддржуваат младите луѓе.

Каде и кога се одржува тренинг курсот?

4-8ноември 2024, Вилнус, Литванија

Учесниците треба да пристигнат на 4 ноември 2024, а треба да заминат на 8 ноември 2024.

Доколку Вашата аликација е успешна, ќе добиете потврда и детална програма со инфо-пакет до крајот на септември.  

Како да аплицирате ?

Рокот за аплицирање е до 11 септември 2024 година и се аплицира исклучиво електронски т.е он лине на следниот линк: 

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/coaching-in-solidarity-project.12633/

На истиот линк ќе најдете повеќе детали за овој тренинг курс.  

Контакт лице во НАЕОПМ за овој тренинг курс е :

Снежана Симоновска

Раководител на сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади & Европски солидарен корпус

Емаил:  snezana.simonovska@na.org.mk







Поврзете се

    czxczcx