08.12.2024 – 11.12.2024
Рим, Италија
Ве молиме целосно да се информирате за сите работи кои се поврзани со долгорочната активност за обука и соработка (LTA P.E.A.C.E) чиј фокус е Еразмус+ приоритетот – учество во демократскиот живот.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Италија, објавува јавен повик за учество на 4 учесници на активноста за обука и соработка „Учество, граѓански ангажман и следни чекори” со фокус на Еразмус+ приоритетот – учество во демократскиот живот, која ќе се реализира во Рим, Италија.
Тема и цел на настанот:
Целта на овој настан е да се споделат најдобрите национални практики на тема граѓански ангажман и на тема управување со подржувачите на работата на Националните агенции во различните сектори. Дополнително, ова ќе биде финален настан за обука и соработка на долгорочните активности LTA “PEACE” (Long term activity) каде сите алатки и финални извештаи ќе бидат презентирани и споделени со учесниците.
Очекувани резултати:
Настанот ќе биде последниот чекор од тригодишниот проект на тема граѓански ангажман и управување на мрежите на сите вклучени во истите.
Целта ќе биде да се споделат сите алатки и настани кои се реализирале за време на овие 3 години од проектот.
Исто така, ќе се одвои и време за споделување на идеите на учеснците, во однос на тоа што уште може да се направи во престојните ЛТА проекти на тема граѓански ангажман.
Националната агенција од Италија ќе претстави и уште еден ЛТА проект на истата тема за следните 3 години (2025-2027).
Целна група на учесници:
Овој настан е соодветен за корисници на програмата, претставници на институции, алумни, амбасадорисо фокус на Еразмус+ приоритетот – учество во демократскиот живот.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 08.12.2024 - 11.12.2024 година
(08.112.2024 е ден на пристигнување, 11.12.2024 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на трошоците (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 10.09.2024 година.
Аплицирање:
https://salto-et.net/AMP/event_single/show_public_overview/IT02_0660_THO_2024
Ве информираме дека пред поднесување на апликацијата потребно е внимателно да ги прочитате сите достапни информации на горенаведениот линк, а кои се однесуваат на соодветниот настан.
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.