fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (двајца) членови на Националниот тим за стручно образование и обука - Национален тим за СОО (National VET Team)

20.9.2024 15:42:42

Врз основа на решение бр. 24-818/2 од 19.09.2024 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за избор на 2 (двајца) членови на Националниот тим за стручно образование и обука - Национален тим за СОО (National VET Team)

Националниот тим за стручно образование и обука е тело кое дејствува по насоки на Европската комисија и е составено од група експерти кои доаѓаат од полето Стручно образование и обука (СОО). Главната цел на Националниот тим за СОО е да обезбеди стручен пристап преку кој ќе ја промовира и подобрува примената на алатките и начелата на стручното образование и обука и ќе го поттикнува процесот на интернационализација на образовните центри и другите организации во полето СОО.

Од членовите на Националниот тим за СОО се очекува:

-да ги познаваат регулативите и алатките во полето СОО;

-да идентификуваат добри европски практики во полето СОО и истите да ги приспособат за примена во национален контекст, да селектираат релевантни материјали за превод од полето СОО, да изработуваат содржини кои ќе бидат објавени од страна на Националниот тим за СОО;

-да вршат промоција на резултатите од работењето на Националниот тим за СОО;

-да планираат и спроведуваат настани и активности за градење капацитети на образовните центри во полето СОО;

-активно да учествуваат во организирање на национални настани и работилници во полето СОО;

-да учествуваат на меѓународни настани во полето СОО.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

-да бидат професионално вклучени во полето СОО;

-да ги познаваат локалните и европските политики и стратегии во полето СОО;

-активно да го користат англискиот јазик;

-да имаат искуство во одржување работилници, обуки, семинари и други настани;

-да имаат искуство во работа со електронски алатки, платформи и социјални медиуми;

-да учествувале или спровеле Еразмус+ проекти.

Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) и мотивациско писмо на следнава електронска пошта: nvt@na.org.mk, со назнака: Јавен повик за Национален тим за СОО, најдоцна до 30.09.2024 година.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Националната агенција со избраните членови на Националниот тим за СОО ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.  Избраните кандидати ќе бидат ангажирани до крајот на 2025 година со можност за продолжување на ангажманот.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) членови на Националниот тим за стручно образование и обука и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx