fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК За избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов „Изработка на eTвининг проекти со помош на Дизајн размислување (Design Thinking) методологија“ во Струга, Р.С. Македонија во период од 06-08 ноември 2024 година

18.10.2024 16:06:15

Врз основа на Решение бр.20-879/2 од 17.10.2024 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов „Изработка на eTвининг проекти со помош на Дизајн размислување (Design Thinking) методологија“ во Струга, Р.С. Македонија во период од06-08 ноември 2024 година

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов “Изработка на eTвининг проекти со помош на дизајн размислување (Design Thinking) методологија“ кој ќе се одржи во периодот од 06-08 ноември 2024 година во Струга, Република Северна Македонија.

Е-твинери се регистрирани наставници во еТвининг платформата, чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.

Трошоци за учество:

Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот.

Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до семинарот, со тоа што сретствата ќе му бидат рефундирани во износ на автобуски билет.

Критериуми за аплицирање

·   Лицето да е регистрирано во платформата

·   Лицето треба да биде вработено во основно, средно училиште или градинка

    (лицето може, но и не мора да има искуство со работа во еТвининг платформата)

·   Лицето да има основно познавање на англиски јазик

Критериумите за учество ќе се проверуваат во еТвининг профилот на секој апликант.

*При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е 24.10.2024 година до 16:00 часот, Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите за пријава, потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк: https://forms.gle/9AcnQ9JprkGy5NZ9A

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов „Изработка на eTвининг проекти со помош на дизајн размислување (Design Thinking) методологија“ кој ќе се одржи во периодот од од 06-08 ноември 2024 година во Струга, Република Северна Македонија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx