Врз основа на Решение за објавување повик, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за учество на VIII Регионална ЕПАЛЕ Конференција во Будва, Црна Гора кој ќе се одржи во периодот од 27-28.11.2024 година
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во управувањето со ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (НСП) во соработка со НСП во регионот ќе реализира VIII Регионална ЕПАЛЕ Конференција, која ќе се одржи во периодот од 27-28.11.2024 година, во Будва, Црна Гора. Конференцијата е посветена на Медиумска писменост во дигиталниот еко систем на вештачката интетелегенција.
На Повикот за учество на VIII Регионална ЕПАЛЕ Конференција во Будва, Црна Гора кој ќе се одржи во периодот од 27-28.11.2024 година можат да се пријават преставници на НВО, обучувачи, истражувачи, обезбедувачи на образование за возрасни, медиуми, донесувачи на одлуки и сите други кои се вклучени во практично спроведување на образованието за возрасни. Потенцијалните учесници можат да дадат свој придонес во размената на добри практики и позитивни примери на модели за употреба на дигиталните алатки и вештачката интелегенција во подигнување на нивото на медиумската писменост.
Работни јазици на Конференцијата се српско-хрватски и англиски.
Повикот е за избор на двајца учесници за учество на наведениот настан за што ЕПАЛЕ Националниот сервис ќе ги сноси сите трошоци за патување и престој на избраните кандидати.
Начин на пријавување
Кратка биографија и кратко мотивациско писмо во кое опишувате кој е вашиот контретен интерес за посета на овој настан да се достави на е-пошта: ljupka.kjurkchieva@na.org.mk, со назнака: за Повик за учество на VIII Регионална ЕПАЛЕ Конференција, не подоцна од 12.11.2024 година.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на учесници, за учество на VIII Регионална ЕПАЛЕ Конференција во Будва, Црна Гора кој ќе се одржи во периодот од 27-28.11.2024 година, во Будва, Црна Гора и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.