fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 6 (шест) ЕПАЛЕ Амбасадори

20.3.2025 22:06:11

Врз основа на Решение за ЕПАЛЕ Амбасадори, бр 25-208/2 од 18.03.2025 година, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за

ангажирање на 6 (шест) ЕПАЛЕ Амбасадори

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП. 

ЕПАЛЕ Амбасадорот:

  • Ја промовира ЕПАЛЕ и идентификува потенцијални корисници на Платформата и овозможува техничка поддршка во процесот на регистрација на нови корисници,
  • Помага во мапирање на главните социјални партнери поврзани со образованието за возрасни како и образовните можности за возрасни во соодветниот регион,
  • Одржува промотивни средби, обуки и мини-конференции со преставници на институции од образованието за возрасни на локално ниво,
  • Во соработка со НСП, учествува во реализација на различни видови активности на национално/регионално/европско ниво,
  • Идентификува и/или креира содржини (блогови, статии, настани, ресурси) погодни за објавување на Платформата,
  • Активно учествува во различни дискусиони групи како на ЕПАЛЕ, така и на социјалните медиуми.

ЕПАЛЕ Амбасадори можат да бидат лица кои активно се занимаваат со образование на возрасни од Република Северна Македонија. Покрај тоа, тие треба да:

  • Се активни на социјалните медиуми,
  • Ги разбираат главните документи и трендови во политиките поврзани со образованието на возрасните на национално и европско ниво,
  • Се дел од повеќе (меѓународни) мрежи,
  • Се вклучени или биле вклучени во европски/меѓународни проекти,
  • Го познаваат англискиот јазик и имаат напредни ИКТ вештини. 

За својата работа, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори имаат право на симболичен надомест. Истиот ги покрива сите трошоци на Амбасадорот за организирање настани, транспорт, локален превоз, комуникации итн.

Пред започнување на ангажманот, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори ќе поминат детална обука за начинот на работа. ЕПАЛЕ Амбасадорите имаат право на поддршка од ЕПАЛЕ НСП во текот на целокупното времетраење на ангажманот.

ЕПАЛЕ Амбасадорите ќе бидат ангажирани за периодот 2025-2026 година.  

Начин на пријавување

Пополнета апликација заедно со ваше ЦВ во ЕУРОПАСС формат поднесете на ljupka.kjurkchieva@na.org.mk, со назнака: за Повик за Амбасадори, најдоцна до 05.04.2025 година. Задолжително назначете: „За Јавен Повик за ЕПАЛЕ Амбасадори“.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за ангажирање на 6 (шест) ЕПАЛЕ Амбасадори и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

ЕПАЛЕ Национален сервис за поддршка
EPALE National Suport Service
Национална агенција за европски програми и мобилност
National Agency for European Educational Programmes and Mobility
epale@na.org.mk
++389 2 3109 045
Facebook: EPALE North Macedonia
„Кузман Јосифовски-Питу“ бр.17, Скопје
“Kuzman Josifovski Pitu” nr. 17 Skopje
Република Северна Македонија
Republic of North Macedonia
 







Поврзете се

    czxczcx