fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

24.3.2025 21:13:18

Врз основа на Решение бр 25-214 од 18.03.2025 година, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

 

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ЕПАЛЕ НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП. 

За потребите на ЕПАЛЕ, НСП ќе формира иницијална база на лица кои се заинтересирани за креирање содржини - блогови, на македонски и/или англиски јазик.

На Повикот можат да се пријават физички лица кои активно се занимаваат со образование на возрасни од Република Северна Македонија, вклучително и студенти, истражувачи, претставници на НВО, мрежи и институции. Истите треба да имаат активен ЕПАЛЕ профил, соодветни јазични и ИКТ вештини, како и да бидат вклучени во меѓународни мрежи и проекти во областа на образованието за возрасни. Кандидатите во рамките на пријавата задолжително треба да потенцираат во кое поле од образованието за возрасни сметаат дека имаат најголема експертиза.

НСП ќе обезбеди поддршка на избраните кандидати и ќе го следи нивното работење. Креаторите на содржини имаат право на симболичен надомест за својата работа, по завршување на истата.

Креаторите на содржини ќе бидат избрани за периодот 2025-2026 година. Повикот ќе биде објавен во текот на целата година, до исполнување на потребниот број прикачени содржини и/или до исцрпување на буџетот за оваа намена.

 

Начин на пријавување

Ве молиме испратете мотивациско писмо заедно со ваше ЦВ во ЕВРОПАС формат (на македонски или англиски јазик) на ljupka.kjurkchieva@na.org.mk, со назнака: за Повик за креатори на содржини. Во рамките на мотивациското писмо задолжително наведете во која област од образованието за возрасни сметате дека можете да дадете најголем придонес.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на Креатори на содржини за ЕПАЛЕ и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

ЕПАЛЕ Национален сервис за поддршка
EPALE National Suport Service
Национална агенција за европски програми и мобилност
National Agency for European Educational Programmes and Mobility
epale@na.org.mk
++389 2 3109 045
Facebook: EPALE North Macedonia
„Кузман Јосифовски-Питу“ бр.17, Скопје
“Kuzman Josifovski Pitu” nr. 17 Skopje
Република Северна Македонија
Republic of North Macedonia
 

 

 







Поврзете се

    czxczcx