Интернет страната na.org.mk користи т.н. колачиња (cookies) кои се неопходни за непречена работа на веб страницата.
Исто така, покрај неопходните колачиња би сакале да примениме и аналитички колачиња и колачиња за маркетинг, за кои ни е потребна Ваша согласност. Согласноста можете да ја дадете одвоено за посебна намена или пак за сите одеднаш.
Со одбирање на полето „се согласувам“ Вие ја давате Вашата согласност за сите видови на колачиња: неопходни, аналитички и колачиња за маркетинг. Со одбирање на полето „не се согласувам“ Вие не се согласувате со користење на аналитички колачиња и колачиња за маркетинг.
Аналитички
Аналитичките колачиња овозможуваат следење и анализирање на активностите на корисникот на веб страницата за подобување на функционалноста на веб страницата, односно на нашите услуги. За анализа се употребуваат алатки на Google Analytics.
Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)
Пријавете се на нашиот newsletter за да добивате информации за новости и акциски понуди.
Ова поле е задолжително.
Се согласувам дека Националната агенција за европски образовни програми ги користи моите лични податоци од оваа форма за директен маркетинг (информирање за новости и специјални понуди) преку е-пошта.
Податоците ќе бидат обработени во согласност со важечките закони со кои се регулира заштитата на личните податоци. Можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време. Повеќе информации се достапни
тука
НАЕОПМ започнува клучна постапка во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата
28.4.2025 14:50:00
Скопје, 28.4.2025
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност започнува клучна постапка во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата.
Денес, директорот на Националната агенција, Петар Богојески, донесе нова процедура за постапката за избор на надворешни експерти/евалватори за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од одобрени проекти, како и за апликации во рамките на програмите Еразмус+ (2021–2027) и Европски солидарен корпус (2021–2027).
Во таа насока, ќе следува целосна реевалуација на постојните евалватори, согласно највисоките професионални стандарди и етички норми. Потоа, ќе биде објавен нов јавен повик за избор на професионални и департизирани евалватори, експерти од различни области, кои со својата стручност и интегритет ќе придонесат кон натамошно зајакнување на кредибилитетот на Агенцијата.
Со оваа постапка, Националната агенција испраќа јасна порака дека борбата против корупцијата е приоритет и дека се стреми да биде пример за интегритет и професионализам, не само во нашата земја, туку и во земјите членки на Европската унија.