fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 12 (дванаесет) наставници од основни училишта за еднодневна работилница „Европас во училница“

05.5.2025 15:42:50

 

Врз основа на решение бр. 18-353/2 од 05.05.2025  година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

за избор на 12 (дванаесет) наставници од основни училишта за еднодневна работилница „Европас во училница“

 

Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и Еврогајденс центар. Оваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.

 

Во рамки на имплементацијата на годишната програма на Европас центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува објавува повик, за избор на 12 (дванаесет) наставници од основни училишта за еднодневна работилница „Европас во училница“.

 

Европас во училница претставува активност која се одвива преку платформата Европас, со цел помош при креирање на профили на учениците од 8 и 9 одделение во текот на еден час. Наставникот започнува со презентација за процесот на отворање сметка на Европас платформата и успешно креира примерен профил. По тоа, секој ученик индивидуално креира свој профил, додека наставникот ги поддржува и им помага при пополнување на сите потребни информации на правилен начин.

 

Критериуми за аплицирање:

 

-          Да се наставници во основно училиште и да работат со деца од 8 до 9 одделение

-          Да имаат отворено свој Европас профил и активно да го користат и ажурира истиот

-          Да имаат познавање од икт алатки.

Начин на пријавување:

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) и сертификати од обуки за ит вештини, на следнава електронска пошта: info@na.org.mk, најдоцна до 15.05.2025 година.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Националната агенција со избраните кандидати ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на дванаесет 12 наставници од основни училишта за Европас во училница и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 







Поврзете се

    czxczcx