Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во соработка со Секцијата на педагози од основните училишта на територијата на Град Скопје „Гласот на педагогот“, на 4 јуни 2025 година одржа работна средба во ООУ „Кочо Рацин“ – Општина Петровец.
Средбата беше организирана со цел да се поддржи иницијативата на педагозите за зајакнување на меѓуинституционалната соработка меѓу сите релевантни чинители за унапредување на квалитетот во воспитно-образовниот процес.
На состанокот се обратија: г-ѓа Соња Казакова, претседателка на Секцијата на педагози; м-р Дарко Димитров, претставник од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; м-р Весна Јаневска-Ивановска, советник од секторот за образование при Општина Петровец; Бојана Политова, советник од Центарот за стручно образование и обука, а учество зедоа и преставници од Бирото за развој на образованието, ЈУ Центар за образование на возрасните и Државениот испитен центар.
Со свои обраќања се вклучија и претставници од Институтот за педагогија – проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска и проф. д-р Елена Ризова.
Заклучоците од средбата се во насока на унапредување на улогата и значењето на педагогот, како и негово позиционирање во целокупниот воспитно-образовен систем.