Врз основа на Решение бр. 04-518/3 од 26.06.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува
ЈАВЕН КОНКУРС
за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник во канцеларијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,
со локација во Битола
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 1 (еден) надворешни соработници во канцеларијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со локација во Битола кои ќе ги реализира работните цели и задачи, а истовремено ќе овозможи европските образовни програми и мрежи да бидат поблиску и понепосредно до сите заинтересирани лица во Југозападниот и Пелагонискиот плански регион во Р.С. Македонија, кои сакаат да ги користат можностите и средствата од европските образовни програми и мрежи со кои управува Националната агенција.
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;
- најмалку десет години работно искуство во струката;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:
- Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;
- Писмо за мотивација;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Лекарска потврда за општа здравствена состојба;
- Уверение/диплома за завршен степен на образование;
- Доказ на работно искуство;
- Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и
- Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Временска рамка за извршување на работни активности:
- Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од една година.
Јавниот конкурс трае 3 (три) работни дена од денот на неговото објавување.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје
(со назнака – „Јавен конкурс бр. 03/2025” )
Контакт: 02-3109-045
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник во канцеларијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со локација во Битола и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.