Јавен повик за учество на активност за обука и соработка
„Поттикнување на активно граѓанство и посветеност преку промоција на европските вредности од страна на студентите” во областана високо образование
26.11.2025 – 29.11.2025,
Хамбург, Германија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Германија, објавува јавен повик за учество на 5 учесници на активноста за обука и соработка „Поттикнување на активно граѓанство и посветеност преку промоција на европските вредности од страна на студентите” во областа на високо образование која ќе се реализира во Хамбург, Германија.
Тема и цели на настанот: Промовирањето на европските вредности и поттикнувањето на активно учество е поважно од кога било. Националната агенција за високо образование на Германија (DE01) ќе биде домаќин на меѓународна конференција во рамките на програмата Еразмус+ со фокус на хоризонталниот приоритет – учество во демократскиот живот. Конференцијата е дел од долгорочното партнерство на активности за обука и соработка LTA PEACE+ кое е координирано од италјанската Национална агенција, во кое партнер е и Националната агенција на Северна Македонија и експлицитно ќе се осврне на секторот за високо образование и студентските иницијативи и/или амбасадорските програми.
Оваа тематска конференција ќе обезбеди платформа на вмрежување за размена на добри практики и преносливи искуства од различни иницијативи. За време на разни работилници, учесниците ќе имаат можност да дискутираат и да споделуваат идеи. Помеѓу работилниците, програмата ќе биде збогатена со предавања од експерти од различни области (на пр. комуникација).
Учесниците ќе бидат избирани на таков начин што ќе се обезбеди соодветна рамнотежа помеѓу претставници од студентски иницијативи, како и институционален и/или национален персонал, земајќи го предвид фактот дека организацијата на ваквите иницијативи се разликува меѓу европските земји.
Главната цел е да се зајакнат (студентските) програми и иницијативи, како и амбасадорските програми, кои промовираат европски вредности како што се меѓукултурно разбирање и размена, различност и граѓанско учество.
Програмата на конференцијата ќе биде дизајнирана да им обезбеди на учесниците можности да се поврзат, да споделат искуства и да дознаат повеќе за најдобрите практики и предизвиците на други иницијативи. Друг фокус ќе биде на тоа како да се здружат напорите и синергиите меѓу различните програми, како и на зајакнување на видливоста и влијанието на таквите програми.
Очекувани резултати: Стекнување знаење за споделување на европските вредности преку ангажирање на студентите: Целта е учесниците да се вратат квалитетна информираност и знаење од добри практики и идеи што помагаат да се реализира нивната идеја за промовирање на европските вредности.
Целна група на учесници:
Студенти, како и универзитетски професори, амбасадори, претставници на институции(министерства) кои координираат студентски програми / иницијативи.
Долгорочно партнерство на активности за обука и соработка LTA PEACE (2025-2027):
Новото издание на LTA PEACE+ (2025-2027) има за цел да ги прошири достигнувањата на првата иницијатива LTA PEACE, зајакнувајќи го европскиот идентитет и граѓанското учество преку интегрирана мрежа на алумни, амбасадори и модели на улоги на Еразмус. Клучните цели вклучуваат:
- Зајакнување на соработката помеѓу националните агенции на Еразмус+ за
проширување на учеството и информирањето.
- Зајакнување на напорите за комуникација и дисеминација за вклучување
на поголем број засегнати страни и граѓани.
- Обезбедување структурирана обука за вредностите на ЕУ и европското
граѓанско образование.
- Продолжување на истражувањето за граѓанското учество за подобро
насочување на пораките и содржината.
- Зголемување на синергиите помеѓу различните европски програми за
поттикнување на мобилноста и граѓанското учество.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Активноста ќе се реализира во периодот од 26.11.2025 - 29.11.2025
(26.11.2025 е ден на пристигнување, 29.11.2025 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Аплицирање:
https://salto-et.net/events/show/DE01_0770_THO_2025
Крајниот рок за поднесување на апликации е 26.09.2025 година.
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 5 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.