Youth@Work Форум за дигитални компетенции
Конференција – Симпозиум - Форум
12-15 декември 2025 | Анталија, Турција(10 учесници)
Дали работите со и за млади луѓе и сте подготвени да ја унапредите младинската вработливост и вештини преку претприемништво, дигитализација и употреба на вештачка интелигенција? Придружете ни се во Анталија на Youth@Work Форумот за дигитални компетенции, што ќе се одржи од 12 до 15 декември 2025 година.
Овој форум има за цел да го продлабочи разбирањето за тоа како дигиталните компетенции можат да се развиваат преку различни сектори и како тие придонесуваат за зајакнување на позицијата на младите на пазарот на труд, преку размена на знаења, вмрежување и практично искуство. Фокусот ќе биде на дигитализација, дигитални вештини, вештачка интелигенција и вработување, теми кои ќе се дискутираат од професионалци, експерти и младински работници од различни сектори.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ОВАА АКТИВНОСТ?
Оваа активност е организирана од Турската Национална Агенција за Erasmus+.
TCA е алатка преку која Националните агенции ја поддржуваат програмата Erasmus+ и го зголемуваат нејзиниот импакт. Како дел од Youth@Work партнерството, настанот има за цел да обедини младински работници, лидери, проект менаџери, креатори на младински политики, истражувачи и претставници од други релевантни сектори со заеднички интерес за младинска вработливост и дигитализација.
Настанот ќе се одржи на англиски јазик, па затоа од учесниците се очекува да можат да го разбираат и зборуваат. Добредојдени се учесници со било кое ниво на Erasmus+ искуство.
YOUTH@WORK ПАРТНЕРСТВО:
Настанот е организиран во рамки на Youth@Work стратешкото партнерство за младинска вработливост и претприемништво на Erasmus+ националните агенции и SALTO-YOUTH ресурсните центри. Форумот е дел од низата активности на Youth@Work, заедно со други проекти што се занимаваат со младинска вработливост и претприемништво, организирани од дванаесетте национални агенции.
Повеќе информации: www.youthatworkpartnership.org
ГЛАВНИ ЦЕЛИ:
Главните цели на форумот се:
СТРУКТУРА И СЕСИИ:
Настанот ќе биде организиран околу пет тематски кластери, секој посветен на клучен аспект на дигиталните компетенции и нивното влијание во различни области. Сесиите под секој кластер ќе се одвиваат паралелно, овозможувајќи им на учесниците да изберат теми според нивниот интерес и експертиза.
Кластер 1 – Сегашни и нови дигитални компетенции
Кластер 2 – Развој на дигитални компетенции преку сите сектори
Кластер 3 – Младинска работа и дигитални компетенции
Кластер 4 – Вештачка интелигенција и иднината на пазарот на труд
Кластер 5 – Употреба на дигитализација и дигитални алатки за подобра вработеност
ПРАКТИЧНИ ИНФОРМАЦИИ:
Форумот ќе се одржи во Анталија, од 12 до 15 декември 2025 година.
Детален инфо-пакет и агенда ќе бидат испратени на избраните учесници.
Овој Конференциски – Симпозиум – Форум е:
За 120 учесници
од земјите на Источното партнерство [Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија, Украина],
земјите од програмата Erasmus+ [Австрија, Белгија (DE, FL, FR), Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција],
земјите од Јужниот Медитеран [Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Либија, Мароко, Палестина, Сирија, Тунис],
и земјите од Западен Балкан [Албанија, Босна и Херцеговина, Косово* (според Резолуција на ООН), Црна Гора].
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 12-15 декември 2025 | Анталија, Турција
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 31.10.2025 година.
За аплицирање потребно е да ја пополните целосно апликацијата на следниов линк:
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа
ОПШТИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 10 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk..