fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Повик за предлог-проекти 2026 – EAC/A12/2025 Програма Еразмус+

17.11.2025 13:57:22

 

1.           1. Вовед и цели

Овој повик за предлог-проекти се базира на Регулативата (ЕУ) 2021/817 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување на „Еразмус+“: Програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1) (во понатамошниот текст „Регулатива за Еразмус+“), како и на Годишната работна програма на Еразмус+ за 2026 година (C(2025) 7358). Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на програмата Еразмус+ се наведени во член 3 од Регулативата за Еразмус+.

 

2.           Aкции

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следните акции од Програмата Еразмус+:

Kлучна Aкција 1 (KA1) Мобилност за учење на поединци:

         Mобилност на поединци во областа на образованието, обуката и младите

         Активности за младинско учество

         DiscoverEU Aкција за инклузија

         Moбилност на кадар од областа на спортот

         Eразмус+ Виртуелни размени

Kлучна Aкција 2 (KA2) Соработка меѓу организации и институции:

         Партнерства за соработка:

         Колаборативни партнерства

         Партнерства од мал обем

         Eвропски партнерства за развој на училиштата

         Партнерства за извонредност:

         Центри за стручна извонредност

         Aкција Еразмус Мундус

         Партнерства за иновации:

         Сојузи за иновации

         Градење капацитети во областа на високото образование, стручното образование и обука, младите и спортот

         Непрофитни европски спортски настани

Kлучна Aкција 3 (KA3) Поддршка за развој на политиките и соработката:

         Eвропските млади заедно

Жан Моне Акции:

         Жан Моне акции во областа на високото образование

         Жан Моне акции во други области на образованието и обуката

         Дебата за политиката на Жан Моне


(1)       OJ L 189, 28.5.2021, p. 1.


 

 

3.           Подобност

 

Секое јавно или приватно тело активно во областите на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за финансирање во рамките на Програмата Еразмус+. Дополнително, групи млади луѓе кои се активни во младинската работа, но не мора да бидат во контекст на младинска организација, можат да аплицираат за финансирање мобилности за учењето на млади луѓе и младински работници, активности за младинско учество и DiscoverEU акцијата за инклузија.

Следните земји можат целосно да учествуваат во сите активности на Програмата Еразмус+ (2):

 

         27-те земји-членки на Европската Унија и прекуокеанските земји и територии.

 

         трети земји поврзани со Програмата:

 

         земјите од ЕФТА/ЕЕА: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка,

 

         Земјите кандидати за членство во ЕУ: Република Турција, Република Северна Македонија и Република Србија (3).

Покрај тоа, одредени акции од Програмата Еразмус+ се отворени за организации од трети земји кои не се поврзани со Програмата.

Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за 2026 година за повеќе детали за модалитетите на учество.

 

4.           Буџет и времетраење на проектите

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог-проекти се проценува на 4.473.447 милиони евра:

 

Образование и обука (вклучувајќи ги и Жан Моне акциите): 3 977,562 милиони
 Млади:    421,8315 милиони €
 Спорт:       74,053 милиони €

 

 

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти, како и неговата распределба, е наведен во Годишната работна програма на Еразмус+ за 2026 година, усвоена на 5 ноември 2025 година и може да се измени во зависност од измените на Годишната работна програма на Еразмус+. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ја консултираат Годишната работна програма на Еразмус+ и нејзините измени, објавени на:

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en

Доделените грантови, како и времетраењето на проектите, варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот, видот на подобните апликанти и бројот на вклучени партнери.

Корисниците можат да ги пријават трошоците за работата што ја извршуваат волонтерите во рамките на акцијата врз основа на единечни трошоци одобрени и дефинирани во Одлуката на Комисијата (2019) 2646. Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални упатства за подобност на трошоците за волонтери.

 

5.           Краен рок за поднесување на апликациите

Сите рокови за поднесување на апликациите наведени подолу се утврдени по бриселско време.

 

 

KлучнаAкција1
Мобилност на поединци во областа на високото образование 19 февруари 2026 во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областите на стручно образование и обука (VET), училишно образование и образование на возрасни 19 февруари 2026 во 12:00 часот
Мобилност на кадар во областа на спортот 12 февруари 2026 во 12:00 часот


(2)       Жан Моне Акцииите се отворени за организации од целиот свет.

(3)       Предмет на потпишување на билатералните договори за асоцијација.

 


 

 

Kлучна Aкција1

 

Меѓународна мобилност што вклучува трети земји кои не се поврзани со програмата 19 февруари 2026 во 12:00 часот
Еразмус акредитации во стручното образование и обука (VET), училишно образование и образование на возрасни 29 септември 2026 во 12:00 часот
Еразмус акредитации во областа на младите 29 септември 2026 во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областа на младите 12 февруари 2026 во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областа на младите 1 октомври 2026 во 12:00 часот
DiscoverEU Aкција за инклузија 12 февруари 2026 во 12:00 часот
Eразмус+ Виртуелни размени 26 март 2026 во 17:00 часот

 

 

KлучнаAкција2
Партнерства за соработка во областите на образованието, обуката и младите, освен оние поднесени од европски невладини организации 5 март 2026 во 12:00 часот
Партнерства за соработка во областите на образованието, обуката и младите поднесени од европски невладини организации 5 март 2026 во 17:00 часот
Партнерства за соработка во областа на спортот 5 март 2026 во 17:00 часот
Партнерства од мал обем во областите на училишно образование, стручно образование и обука, образованието на возрасни и млади 5 март 2026 во 12:00 часот
Партнерства од мал обем во областа на спортот 5 март 2026 во 17:00 часот
Европски партнерства за развој на училиштата 9 април 2026 во 12:00 часот
Центри за стручна извонредност 3 септември 2026 во 17:00 часот
Aкција Еразмус Мундус 12 февруари 2026 во 17:00 часот
Сојузи за иновации 10 март 2026 во 17:00 часот
Градење капацитети во областа на високото образование 10 февруари 2026 во 17:00 часот
Градење капацитети во областа на стручното образование и обука 26 март 2026 во 17:00 часот
Градење капацитети во областа на младите 26 февруари 2026 во 17:00 часот
Градење капацитети во областа на спортот 5 март 2026 во 17:00 часот
Европски локални спортски настани 5 март 2026 во 17:00 часот
Европски настани од големи размери 22 јануари 2026 во 17:00 часот

 

 

KлучнаAкција3 
Eвропските млади заедно 26 февруари 2026 во 17:00 часот

 

 

Жан Моне Aкции и Мрежи 3 февруари 2026 во 17:00 часот

 

Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални упатства за поднесување на апликациите.

 


 

 

6.           Детални информации

Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата Еразмус+ 2026 на следната интернет адреса:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide

Водичот за програмата Еразмус+ претставува составен дел од овој повик за предлог-проекти, а условите за учество и финансирање наведени во него важат целосно за овој повик.







Поврзете се

    czxczcx