Врз основа на Решение бр. 25-890/2 од 19.11.2025, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на четири (4) учесници
во регионална обука за набљудување на работно место во Белград, Србија
Во рамките на компонентата на регионална соработка во ЕПАЛЕ проектот планирано е спроведување на активност: набљудување на работно место. Оваа активност е резултат на регионалната берза на вештини во која беа идентификувани потребите и потенцијалите на секоја од вклучените земји во различни аспекти на образованието за возрасни.
Главната цел на оваа посета е градење на капацитети и размена на искуства помеѓу претставници од двете земји кои работат со возрасни ученици со помалку можности, идентификување на важноста на воведување на европските вредности во секојдневните практики, како и да се инцираат можности за потенцијална идна соработка во иднина.
Посетата ќе се одржи во периодот 10-11.12.2025 година, во Белград, Србија. Работни јазици на посетата се српски, македонски и англиски јазик.
Набљудувањето на работно место е наменето за претставници на ЕПАЛЕ НСП и претставници на социјални партнери од следните профили: едукатори, наставници, истражувачи, волонтери кои работат професионално со возрасни со помали можности. Лицата е потребно да имаат активни профили на ЕПАЛЕ.
Трошоците за учество во регионалната обука за набљудување на работно место во Белград, Србија ќе бидат покриени од страна на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка на Република Северна Македонија и тоа за превоз и хотелско сместување.
Начин на пријавување
Ваша кратка биографија во ЕВРОПАС формат заедно со кратко мотивациско писмо поднесете на epale@na.org.mk најдоцна до 26.11.2025 година. Мотивациското писмо треба да содржи информации за тоа кои се вашите очекувања од посетата. Во предмет на пораката задолжително назначете: „За Јавен Повик за учесници во регионална обука за набљудување на работно место во Белград, Србија“.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на учесници во регионална обука за набљудување на работно место во Белград, Србија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
| ЕПАЛЕ Национален сервис за поддршка EPALE National Suport Service Национална агенција за европски програми и мобилност National Agency for European Educational Programmes and Mobility epale@na.org.mk ++389 2 3109 045 Facebook: EPALE North Macedonia „Кузман Јосифовски-Питу“ бр.17, Скопје “Kuzman Josifovski Pitu” nr. 17 Skopje Република Северна Македонија Republic of North Macedonia | ||