Врз основа на решение бр. 18-930/2 од 15.12.2025 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за дополнување на базата на експерти во рамките на мрежата ЕВРИДИКА
ИЗБОР НА ЕКСПЕРТИ
Националната агенција, во рамките на активностите на Националната единица на мрежата Евридика - информативната мрежа на Европската комисија, објавува јавен повик за избор на експерти/практичари за учество во подготовка на извештаи и собирање, систематизација и доставување на податоци за националниот систем за образование и обука.
Експертите избрани преку овој повик ќе имаат улога во:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
Организација и управување
Финансирање во образованието
Рано детско образование и грижа
Основно образование,
Средно и постсредно нетерцијарно образование
Високо образование
Образование и обука на возрасни
Наставници и образовен кадар
Раководен и друг образовен кадар
Обезбедување на квалитет
Образовна поддршка и насочување
Мобилност и интернационализација
Тековни реформи и развој на политики
Законодавство и официјални документи за политики
Дигитално образование во Европа
Граѓанско образование
Благосостојба во училиштето
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
Пријавата со потребната документација треба да се достави на следната е-пошта info@na.org.mk со наслов на е-пошта: Апликација за експерт за Евридика, со краен рок на аплицирање до 20.12.2025 година, до 16.00 часот.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.Избраните експерти ќе бидат ангажирани со договор во кој ќе се утврдат обврските времетраењето на ангажманот како и надоместокот.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на експерти за дополнување на базата на експерти во рамките на мрежата ЕВРИДИКА и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.