Врз основа на решение 18-185/1 06.03.2026 година. година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год
Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и Еврогајденс. Оваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.
Во рамки на имплементацијата на три годишната програма на Еврогајденс центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува објавување на повик, за избор на 6 (шест) лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год “.
Критериуми за аплицирање:
- Да се кариерни советници во средни стручни училишта, универзитети или институции кои работат со кариерно советување (државни и невладини организации)
- Да имаат најмалку искуство од 3 години во полето на кариерно советување
- Да имаат познавање од алатки за кариерено советување и нивна употреба
- Да имаат презентациски вештини и да имаат искуство со подготвка на презентации
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) и мотивациско писмо, на следнава електронска пошта anabela.dimoska@na.org.mk, најдоцна до 16.03.2026 година.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.
Националната агенција со избраните кандидати ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.