14.10.2026 – 16.10.2026
Брно, Чешка
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Чешка, објавува јавен повик за учество на 3 учесника на активноста за обука и соработка „Schoolink International 2026 – соработувај за да учествуваш“ – во областа на училишно образование. која ќе се реализира во Брно, Чешка.
Тема и цели на настанот:
Конференцијата SchooLink е водечки настан на чешката национална агенција за меѓународно образование и истражување, фокусиран на училишното образование. Годинешното издание, насловено Schoolink International 2026: соработувај за да учествуваш, е наменето за наставници и едукатори кои работат со ученици на возраст од 11 до 16 години. Главната тема на конференцијата ќе биде учеството како еден од клучните приоритети на програмата Еразмус+.Посетете ја веб-страницата на конференцијата за повеќе информации: schoolink.cz | SCHOOLINK
Очекувани резултати:
Тридневната програма ќе понуди широк спектар на инспиративни теми и практични примери кои покажуваат како соработката може да го зајакне значајното учество во училиштата и во меѓународните проекти. Конференцијата ќе се фокусира на создавање меѓународни партнерства, зајакнување на капацитетите на организациите вклучени во Еразмус+ и унапредување на квалитетот и инклузивноста на спроведените проекти.
Учесниците ќе истражуваат како активно да ги вклучат учениците во планирањето и реализацијата на проекти, како да се поттикне демократското учество во училишниот живот и како меѓународната соработка може да ги зајакне младите да станат активни придонесувачи во своите заедници.
Дополнителни информации: Темата на учество ќе биде поврзувачка нишка низ целата конференција. Ќе бидат презентирани конкретни примери на успешна имплементација на проекти од аспект на управување со проекти, како и иновативни резултати кои го збогатуваат секојдневното наставно работење и поттикнуваат активно вклучување на учениците.
Составен дел од програмата ќе бидат и придонеси од колеги кои работат во неформалното образование, при што ќе се презентираат можности за користење на Еразмус+ Млади, Европскиот солидарен корпус и DiscoverEU во училишен контекст, како и начини на кои овие иницијативи дополнително го поддржуваат активното учество на младите на локално и меѓународно ниво.
Целна група на учесници:
Конференцијата е наменета за наставници, образовни професионалци кои работат со ученици на возраст од 11–16 години, како и за вработени во организации вклучени во училишното образование, вклучително и директори на училишта, координатори на проекти и претставници на институции кои се ангажирани во активности на Еразмус+ во рамки на училишниот сектор.
Учесниците се професионалци кои се заинтересирани за зајакнување на учеството на учениците, поттикнување на меѓународната соработка и унапредување на квалитетот и инклузивноста на образовните проекти.
Конференцијата е наменета и за искусни корисници на Еразмус+ со тековни проекти во рамките на КА1 или КА2, кои имаат за цел дополнително да ги развијат своите капацитети во спроведување на проекти, соработка и активно вклучување на учениците во рамки на училишното образование.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Активноста за обука и соработка ќе се реализира во периодот од 14.10.2026 - 16.10.2026
(14.10.2026 е ден на пристигнување, 16.10.2026 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет и сместувањето (во вид на: билет за превоз до аеродром и назад, локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 24.05.2026година.
Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/CZ01_0873_THO_2026
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.