fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „CLEAR+ 2026 – Работилница за евалуација (оценување) на конечните извештаи“ – за надворешни експерти/евалуатори кои веќе се дел од базата на надворешни експерти/евалуатори на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за програмски период 2021-2027 година

10.6.2026 16:53:24

Јавен повик за учество на  активност за обука и соработка

CLEAR+ 2026 – Работилница за евалуација (оценување) на конечните извештаи– за надворешни експерти/евалуатори кои веќе се дел од базата на надворешни експерти/евалуатори на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за програмски период 2021-2027 година

 

28.10.2026 – 30.10.2026

Варшава, Полска

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Полска, објавува јавен повик за учество на 3 учесника на активноста за обука и соработка CLEAR+ 2026 – Работилница за евалуација (оценување) на конечните извештаи– за надворешни експерти/евалуатори кои веќе се дел од базата на надворешни експерти/евалуатори на Национална агенција за програмски период 2021-2027 година – која ќе се реализира во Варшава, Полска.

 

Тема и цели на настанот:

Ова е настан за градење капацитети и размена на искуства кој ќе ги обедини интерните и надворешните оценувачи што работат на оценување на конечните извештаи од Еразмус+ КА220 - Партнерства за соработка.

Исклучително е важно да се вклучат оценувачи кои имаат одредено искуство во оценување на конечни извештаи, но кои досега не учествувале на претходен CLEAR или CLEAR+ настан за обука Настанот ќе им овозможи на учесниците да соработуваат со колеги од други земји и да ги унапредат своите капацитети за квалитетно оценување преку насочени работилници и дискусии.

Работилницата ќе обезбеди можност за разгледување на клучните аспекти на оценувањето на конечните извештаи, како и за заедничка рефлексија за тоа како да се пристапи кон важни прашања како што се квалитетот и иновативноста. Исто така, ќе се дискутира за мерењето и промоцијата на влијанието, како потврден приоритет на програмата Еразмус+.

 

Активности:

Овој настан е структуриран околу серија групни дискусии и размена на искуства, фокусирани на клучни теми и прашања поврзани со оценувањето на конечните извештаи за КА220 проектите, како и споделување на искуства со експерти и колеги од други земји. Групната работа, дискусиите и размената на искуства ќе бидат дополнети со насочени пленарни презентации и излагања.

 

Очекувани резултати:

До крајот на овој семинар за вмрежување и градење капацитети, учесниците ќе бидат способни да:

  • Разликуваат фактори што треба да се земат предвид при завршувањето на КА220 Партнерство за соработка од оние што претежно се оценуваат во фазата на поднесување на апликацијата;
  • Утврдат дали реализацијата на КА220 проектите, нивните резултати и производи е успешна и со висок квалитет;
  • Подготвуваат коментари кои се кохерентни, сеопфатни, конзистентни, учтиви и концизни;
  • Доделуваат и аргументираат оценки при оценувањето и усогласувањето на конечните извештаи.

Дополнителни информации: Овој настан се реализира во рамките на долгорочната активност (LTA) за оценување CLEAR+ Assessment, а учеството е ограничено на мал број места со цел да се овозможи присуство на интерни и надворешни оценувачи од сите земји учеснички во програмата Еразмус+.

Целна група на учесници:

1. Надворешни оценувачи со директно искуство во оценување на конечни извештаи во рамките на Еразмус+ КА220 проекти, кои работат во една или повеќе од целните области (ADU – образование на возрасни, HED – високо образование, SCH – училишно образование или VET – стручно образование и обука) и кои претходно не учествувале на работилница за оценување на конечни извештаи CLEAR или CLEAR+ заедно со експерти од различни европски земји.

2. Интерни оценувачи со директно искуство во оценување на конечни извештаи во рамките на Еразмус+ КА220 проекти, кои работат во една или повеќе од целните области (ADU, HED, SCH или VET) и кои претходно не учествувале на работилница за оценување на конечни извештаи CLEAR или CLEAR+ заедно со експерти од различни европски земји.

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Активноста за обука и соработка ќе се реализира во периодот од 28.10.2026 - 30.10.2026

 (28.10.2026 е ден на пристигнување, 30.10.2026 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за превоз до аеродром и назад, локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 17.06.2026 година.

Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/PL01_0895_TSS_2026

Апликацијата се пополнува на англиски јазик.

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx