Врз основа на Решение бр.20-492/2 од 30.07.2026 г, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors) за периодот 2026–2028 година
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за периодот 2026–2028 година, потребно е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да пристапи кон објавување Јавен повик за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors), чиј мандат ќе трае до завршувањето на двегодишниот акциски план.
Воведувањето на еТвининг во иницијалното образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE) претставува една од стратешките насоки на акцијата еТвининг. Европските искуства и добрите практики покажуваат дека вклучувањето на студентите – идни наставници во еТвининг уште за време на нивното образование придонесува за развој на нивните дигитални, педагошки и интеркултурни компетенции, како и за унапредување на квалитетот на наставната практика.
Обврски и задачи на еТвининг амбасадорите за идни наставници
Задачите на еТвининг амбасадорите за идни наставници ќе се договараат во координација со националниот еТвининг координатор.
Тие вклучуваат:
Финансиски надомест
Националната агенција ќе им исплаќа финансиски надоместок на ангажираните еТвининг амбасадори за идни наставници, согласно Договорот за ангажман на еТвининг амбасадори.
Надоместокот ќе се исплаќа за следните активности:
Надоместоците се исплаќаат на квартално ниво, по успешно реализираните активности и по доставување на потребната документација, согласно одредбите од Договорот.
Критериуми за аплицирање
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
*Доколку амбасадорот за идни наставници не ги извршува своите обврски според договореното, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има право во секој момент да го прекине договорот со него.
Начин на аплицирање
Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 06.08.2006 г, на електронската адреса: mila.protuger@na.org.mk
Општи мерки за спречување на корупција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на
за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors) за периодот 2026–2028 годинаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.