fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за објавување на повик за избор на 25 учесници, на ЕПАЛЕ дводневен семинар за провајдери во образованието за возрасни на тема „Интернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“ кој ќе се одржи во периодот од 16-18 септември 2026 година во Охрид, Република Северна Македонија

13.8.2026 15:52:02

 

 

Врз основа на Решение бр. 25-534/1 од 13.08.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

за објавување на повик за избор на 25 учесници, на ЕПАЛЕ дводневен семинар за провајдери во образованието за возрасни на тема„Интернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“ кој ќе се одржи во периодот од16-18 септември 2026 година во Охрид, Република Северна Македонија

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата ЕПАЛЕ за 2025-2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 25 учесници,на ЕПАЛЕ дводневен семинар за провајдери во образованието за возрасни на темаИнтернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“кој ќе се одржи во периодот од16-18 септември 2026 година во Охрид, Република Северна Македонија.

Семинарот е наменет за индивидуалци и организации кои работат во областа на образоването за возрасни и сакаат да ги зајакнат своите капацитети за меѓународна соработка, да развиваат иновативни проекти и да го зголемат своето учество во европските иницијативи.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со принципите на интернационализација, подготовката на квалитетен концепт на проект, интегрирањето на европските вредности во образовните активности, како и со актуелните можности за финансирање преку европските програми.

Критериуми за аплицирање

  • ·        Лицето треба да има професионална улога во образованието за возрасни во било која форма,
  • ·        Лицето треба да има или да регистрира активен ЕПАЛЕ профил до моментот за аплицирање за учество на оваа обука,
  • ·        Лицето да има мотивација за вклучување во меѓународна соработка во образованието за возрасни,
  • ·        Лицето да има познавање на англиски јазик и основни вештини за работа со компјутер.

При изборот на учесниците ќе се земаат во предвид следниве аспекти:

ü  застапеност по региони во Република Северна Македонија;

ü  профил на учесникот и неговата измината работа

*Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е02.09.2026 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:

Пријава за учество на обука 

Трошоци за учество

Националната агенција ќе ги покрие трошоците за храна,  сместување и  пат. За учесниците од Скопје ќе биде организиран превоз на релација Скопје-Охрид-Скопје, додека учесниците од другите градови се должни самостојно си го обезбедуваат транспортот од местото на поаѓање до местото на одржување на семинарот. Трошоците за пат ќе бидат рефундирани во износ на повратен автобуски билет.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 25 учесници, на на ЕПАЛЕ дводневен семинар за провајдери во образованието за возрасни на темаИнтернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“кој ќе се одржи во периодот од 16-18 септември 2026 година во Охрид, Република Северна Македонијаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx