fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за Европас видео натпревар

30.9.2026 15:49:33

ЈАВЕН ПОВИК за Европас видео натпревар

Врз основа на решение со бр.18-588/2 од 29.09.2026 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за Европас видео натпревар

Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и Еврогајденс центар. Оваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.

 Во рамки на имплементацијата на годишната програма на Европас Центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за Европас видео натпревар.

На Европас видео натпреварот треба да учествуваат ученици од трета и четврта година од средни стручни училишта со свое видео од 20 до 30 минути. Во видеото треба да отворат свој Европас профил и да ги пополнат сите полиња на Европас профилот.

За Европас видео натпревар ќе се изберат три најдоби видеа и на учениците и истите ќе бидат наградени со промотивни материјали.
Критериуми за аплицирање

- Да е ученик во трета или четврта година во средно стручно училиште

- Да има познавање од англиски јазик

- Да има ИКТ вештини

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат своите кратки видеа на следнава електронска пошта: anabela.dimoska@na.org.mk, најдоцна до 09.10.2026 година, до 16.30 часот.. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на Европас видеа, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx