fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Програма за волонтирање во НА

04.2.2022 11:22:47

Врз основа на член 19 од Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (,,Службен весник на Република Македонија, број 113/07, 24/11, 24/13, 41/14. 145/15, 55/16 и 64/18) а во врска со член 6 став 2 од Законот за волонтерството („Службен весник на Република Македонија“ брoj
85/2007, 161/2008 и 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj
124/19
и 103/21), директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност донесe:

П Р О Г Р А М А

ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

  1. Општи одредби

  1. Со оваа Програма се пропишува начинот на вршење на волонтерски услуги во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во понатамошниот текст: Национална агенција) согласно Законот за волонтерството („Службен весник на Република Македонија“ брoj
    85/2007, 161/2008 и 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj
    124/19
    и 103/21).

  1. Во Националната агенција годишно може да се ангажираат волонтери во согласност со:

-       потребите на Националната агенција;

-       определбите на директорот на Националната агенција.

                Директорот на Националната агенција бројот на ангажирани волонтери во Националната агенција го определува согласно условите и тековната работа на Националната агенција.

  1. Волонтерство

  1. Волонтер во Националната агенција е физичко лице со завршено високо образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или со средно образование, кое дава услуги, знаења, вештини или вршење на други активности во корист на Националната агенција, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка.

  1. Волонтерот за давањето на услугите, знаењата и вештините за работите од надлежност на Националната агенција има право на надоместок на трошоци за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирањето во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година, а трошоците за службени патувања и трошоците за обука (доколку за тоа има потреба), се исплатуваат во иста висина како за вработените во Националната агенција.

  1. Евиденцијата на волонтерската работа ја води Оделението за управување со

човечки ресурси кое ги внесува следните податоците: личните податоци на волонтерот (име и презиме, матичен број, место на живеење); број на договор склучен со физичко лице; времетраење на волонтирањето; времетраење на волонтерски часови во  текот на месецот; вид и времетраење на обуката која волонтерот ја имал за време на волонтирањето, потпис на волонтерот и лицето овластено за застапување и печат.

  1. За извршената волонтерска работа на волонтерот му се издава волонтерска книшка. Во волонтерската книшка се опишуваат работите што ги вршел волонтерот и периодот во кој ги извршувал тие работи.

  1. Волонтерот во Националната агенција согласно оваа Програма и потребите на Националната агенција ќе извршува волонтерски услуги како:

-       поддршка на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА;

-        поддршка на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ;

-       поддршка на СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ;

-       поддршка на СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА;

-       поддршка на СЕКТОР ЗА КООРДИНАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ И МРЕЖИ;

-       поддршка на СЕКТОР ЗА ИНДИВИДУАЛНИ МОБИЛНОСТИ ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО, ОБУКА И МЛАДИ и

-       поддршка на СЕКТОР ЗА СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО, ОБУКА И МЛАДИ

  1. Правата и одговорностите на волонтерите кои произлегуваат од вршењето на волонтерски услуги во Националната агенција ќе бидат регулирани со договор за волонтерство согласно прописите за волонтерство.

  1. Преодни и завршни одредби

  1. Оваа Програма влегува во сила со денот на неговото донесување, со што престанува да важи Програмата за волонтирање во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност бр. 04-96/1 од 18.01.2018 година.

  1.  Програмата за волонтирање во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе се објави на веб страницата на Националната агенција  www.na.org.mk

  м-р Марко Ѓоргиевски  ДИРЕКТОР 
Официјален документ






Поврзете се

    czxczcx