Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на личните податоци е Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција), со седиште на бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, 1000 Скопје.
Националната агенција е самостојна јавна установа со својство на правно лице чија основна дејност е остварување на програми и проекти на Европската унија, програми и проекти на меѓународно ниво во областа на образованието, науката, истражувањето, младите, спортот и мобилноста и програми кои и се даваат во надлежност.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
– Посетители на нашата интернет страна www.na.org.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
– Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
– Учесници на обуки, конференции и настани – Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Националната агенција.
1. Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
– Вашата интернет протокол (IP) адреса;
– Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
– Вашиот оперативен систем;
– Видот на пребарувачот, и верзија;
– Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
– URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Национална агенција;
– Јазикот на пребарувачот кој го користите
– Држава (се одредува преку IP адресата).
2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, електронска адреса и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на апликации кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
– преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
– преку нашата официјална електронска адреса: info@na.org.mk
– преку пошта,
– по факс,
– усмено.
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во Националната агенција, кое го составило записникот и заведено во архивата на Националната агенција.
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со он-лајн (on-line) услугите достапни преку интернет страната на Националната агенција, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
– во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Националната агенција ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Националната агенција и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
– по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Националната агенција.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
– право да бидете информирани за обработката на личните податоци
– право на пристап до личните податоци
– право на исправка и бришење на личните податоци
– право на ограничување на обработката на личните податоци
– право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Аида Пешовска-Ѓоргиевска на следниов e-mail: aida.peshovska@na.org.mk.
Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Ако сметате дека начинот на кој Националната агенција ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци. Барањето може да се поднесе преку веб страната на АЗЛП или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за „контакт” на нивната веб страна.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.