Согласно Решението за објавување јавен повик бр. 1-529/2 од 01.04.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за фото-натпревар со наслов:
„Сподели ја твојата „зелена“ фотографија и освој награда“
Согласно годишната работна програма на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) на програмата Еразмус+ и во контекст на Европската година на младите (2022) по одлука на Европската комисија, како и исполнувње на целите од истата, организираме наградна игра на тема „Сподели ја твојата „зелена“ фотографија и освој награда“. Темата која е фокусирана на предвидениот повик за натпревар е т.н. Зелен Еразмус бидејќи тоа е еден од четирите главни приоритети на програмата Еразмус+ за програмскиот период 2021 – 2027 година при што главниот акцент и услов се става на фотографии кои приоретизираат моменти на „зелени“ активности и навики на младите од 18 до 29 години.
Право да аплицираат имаат сите физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија на возраст од 18 до 29 години. Секоја фотографија мора да биде индивидуална, односно направена од страна на едно лице, а не од група/институција. Заинтересираните натпреварувачи треба на некоја од своите (да изберат една) социјални мрежи и тоа: Facebook или Instagram да објават фотографија со т.н. „зелени моменти” на истата.
Едно лице испраќа линк од социјалните мрежи наведени подолу од објавена само една фотографија заедно со податоците:
-Име и презиме
- Датум на раѓање
-Адреса, град и контакт-телефон заедно со електронска пошта,
на електронската адреса: greenerasmus@na.org.mk најдоцна до 27.04.2022 година до 23:59 часот.
За доставен материјал испраќачот ќе добие потврда. Фотографијата мора да биде јавно споделена, додека при самата објава треба да биде посочено местото или градот на настанување на фотографијата.
Дополнително, во самиот опис треба да се постават следниве хаштагови: #EuropeanYearOfYouth и #ErasmusMKD, како и да се означи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Facebook - @nacionalnaagencija / Instagram - @nacionalna_agencija).
Најдобрите фотографии ќе се одбираат согласно нивната креативност, оригиналност и целосна поврзаност со темата на натпреварот и квалитетот на содржината.
Фотографиите ќе се оценуваат според следните критериуми: креативност и оригиналност, поврзаност со темата на натпреварот и квалитетот на содржинатa. Комисијата ја исклучува фотографијата од понатамошно оценување ако не е поврзана со темата на натпреварот. Секој критериум се оценува на скала од 1 до 5 поени, при што 5 е највисока оценка, а 1 е најниска оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум.
Трите најдобри фотографии ќе бидат наградени.
-Прва награда: 1 x мобилен телефон
-Втора награда: 1 x таблет
- Трета награда: 1 x подарок пакет промотивни материјали на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Правилата на играта може да се прочитат ОВДЕ.