КОНФЕРЕНЦИЈА НА YOUTH@WORK „ДИГИТАЛНИ ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ“.
Конференција
3-7 мај 2022 година | Кипар
Оваа конференција има за цел да ги истражи можностите за вработливост и претприемништво во дигиталниот и зелениот сектор и на тој начин да создаде меѓусекторска мрежа на професионалци.
Конференцијата ќе обезбеди насоки за идниот технолошки развој, вештините и знаењата кои се потребни за зелениот и дигиталниот пазар на труд. Од големо значење е влијанието на вештачката интелигенција и автоматизацијата на работните места на пазарот на трудот. Затоа, важно е младинските работници, формалните едукатори и другите релевантни чинители да бидат информирани и да добијат увид за тоа како може да изгледа иднината воедно и компетенциите потребни за вработување и претприемништво. Дигитализацијата нуди можности за повеќе зелени настани и за намалување на јаглеродниот отпечаток на активностите, оваа конференција ќе обезбеди можност за поврзување на зелените и ИКТ секторите. Youth@Work Партнерство за младинска вработливост и претприемништво на Националните Агенции за Еразмус+ од Европа.
Оваа конференција е дел од Youth@Work Партнерството, заедно со други проекти кои се однесуваат на младинската вработливост и претприемништво, организирани од 14-те членки на Еразмус+ национални агенции и САЛТО ресурсни центри. Можете да дознаете повеќе за Youth@Work на www.youthatworkpartnership.org и на нашите канали за социјални медиуми (ве молиме проверете ја програмата на настанот за линковите).
ЦЕЛИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА:
- Истражување на можностите за вработливост и претприемништво во дигиталниот и зелениот сектор, еколошкиот отпечаток во процесот на дигитализација и подобрување на меѓусекторската соработка;
- Создавање на простор за размена на дигитални иноватори и зелени претприемачи за да се поврзат со искусни младински работници и други релевантни целни групи;
- Дискусија и споделување на можни политички интервенции за стимулирање на зелените дигитални иновации и прилагодување на иновациите, вработувањето и образовните политики;
ЦЕЛНИ ГРУПИ:
- Млади иноватори и претприемачи
- Образовниот сектор (формален и неформален)
- Искусни младински работници
- Деловен (ИКТ и зелен) сектор
- Иновации и старт-ап фондови.
Настанот ќе се одржи од 3-7 мај 2022 година | Кипар
КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 20 април 2022 година. Пополнета и потпишана апликација се поднесува електронски/скенирана на info@na.org.mk со наслов „ТАС Кипар 2022“ - најдоцна до 20.04.2022 до 12 часот на пладне. Сите апликации поднесени по предвиденото време нема да бидат земени во предвид.
АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ:
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Принципот на покривање на трошоци е следниов:
Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19 . Активностите планирано е да се одржат во Кипар. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.