fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Секој четврток - отворен ден за млади во НАЕОПМ

20.4.2022 12:08:04

Младите се сегашноста и иднината на едно општество и затоа нивните идеи и размислувања треба да бидат слушнати.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, учествуваше на јавна дебата посветена на демографските трендови кај младата популација во земјата, организирана од Клубот на младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија.

Во неговото обраќање, тој информираше за започнувањето на една убава иницијатива која ја воведува НАЕОПМ, а тоа е ОТВОРЕН ДЕН ЗА МЛАДИ.

Секој четврток, започнувајќи од 28.04.2022, од 13 до 15 часот, сите млади по однапред закажана средба, ќе може да разговараат со директорот на НАЕОПМ за сите идеи, предлози и размислувања. Да ги вклучиме младите во сите процеси.

Телефон за закажување: 072/303-885








Поврзете се

    czxczcx