fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

СЕМИНАР НА ТЕМА: Поттикнете ја инклузијата и различноста во Вашите Еразмус+ проекти (Embrace Inclusion and Diversity in your Erasmus+ Projects)

24.8.2022 08:45:45

Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 24-1007/2 од 23.08.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за 2 учесници на транснационален семинар на тема:

 

Поттикнете ја ннклузијата и различноста во Вашите Еразмус+ проекти (Embrace Inclusion and Diversity in your Erasmus+ Projects)

15-18 ноември 2022 година – Загреб, Република Хрватска

Овој транснационален семинар има за цел да понуди соодветно знаење и насоки кои ќе поттикнат поглемо вклучување на инклузијата и различноста во Еразмус+ проектите, кои воедно се и еден од главните приоритети на Еразмус+ програмата 2021-2027 година.

ЦЕЛИ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕМИНАРОТ

1. Зголемување ги капацитетите на учесниците за подобрување на димензијата на инклузија и различност во нивните сегашни и идни проекти од програмата Еразмус+

2. Воспоставување на заедничко разбирање и соработка со оние кои може да се сметаат за луѓе со помалку можности и поставување на рамка за нивно вклучување во програмата

3. Развивање едукативни активности и материјали за корисниците со цел да се пренесат начини за вклучување на учесниците со помалку можности во програмските активности

4. Промовирање примери на добри практики поврзани со проекти кои поттикнуваат инклузија и различност преку директно вклучување на учесници со помалку можности и/или фокусирање на темата за вклучување и различност

5. Обезбедување комуникациски канал (платформа) за размена на идеи и можности за вмрежување

ЦЕЛНИ ГРУПИ:

Право за аплицирање имаат правни и физички лица од областа на училишно, стручно, високо и образование за возрасни, потенцијални корисници на програмата Еразмус+, соодветно подготвени да ја подигнат свеста за приоритетот на програмата за инклузија и различност, како и да промовираат и да го зголемат учеството на лицата со помалку можности во рамките на нивните институции (организации), со што ќе ја подобрат димензијата на инклузија и различност. во нивните потенцијални проекти.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 02 септември 2022 година. Апликацијата се поднесува директно на следниот официјален линк на платформата САЛТО:

https://salto-et.net/events/show/HR01_0413_THO_2022

најдоцна до 02 септември 2022 година до 12 часот на пладне.

Сите апликации поднесени по предвиденото време нема да бидат земени во предвид.

Координаторот (домакинот) на настанот ќе ги известува со сите дополнителни информации само избраните учесници.

АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ:
https://salto-et.net/events/show/HR01_0413_THO_2022

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19 . Активностите планирано е да се одржат во Загреб, Република Хрватска.

Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.







Поврзете се

    czxczcx