fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за избор на 35 (триесет и пет) еТвинери, за учество на еТвининг семинар за професионален развој, под наслов „СТЕМ во еТвининг и благосостојба“ ( ИКТ алатки во образованието и градење на капацитетите) наменет за напредни еТвининери

27.2.2024 13:25:53

Врз основа на Решение бр.20-277/2 од 26.02.2024 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за  избор на 35 (триесет и пет) еТвинери, за учество на еТвининг семинар за професионален развој, под наслов „СТЕМ во еТвининг и благосостојба“ ( ИКТ алатки во образованието и градење на капацитетите)  наменет за напредни еТвининери, кој ќе се реализира од 19-21 март 2024 во Маврово, Северна Македонија

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува јавен повик за избор на 35 (триесет и пет) еТвинери, за учество на еТвининг семинар за професионален развој, под наслов „СТЕМ во еТвининг и благосостојба“ (ИКТ алатки во образованието и градење на капацитетите) наменет за напредни еТвининери, кој ќе се реализира од 19-21 март 2024 година во Маврово, Република Северна Македонија.

Цели и очекувани резултати од настанот:

1. Зголемување на капацитетите на учесниците во делот на STEM образованието како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на учениците.

2. Практична примена на ИКТ алатки во образованието и градење на капацитетите.

3. Воспоставување на тимски работилници, развивање на едукативни активности и соработка на темата благосостојба.

4.Промовирање на примери на добри практики поврзани со проекти кои поттикнуваат активности во STEM образованието.

5. Можности за вмрежување на учесниците за долгорочна заедничка соработка. 

Критериуми за аплицирање се:

•  Лицето да е регистрирано во платформата;

• Лицето да е напреден етвинер и да има учествувано во минимум еден еТвининг проекти или  етвининг работилница за професионален развој;

•  Лицето треба да биде вработенo во основно, средно училиште или градинка што имале, имаат или добиле покана да аплицираат за ознака за еТвининг училиште

*Во изборот на учесниците предност ќе имаат: учесници на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.

Трошоци за учество

Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за настанот, сместување во хотел (сместувањето на учесниците ќе биде во еднокреветни соби, 1 учесник – 1 соба).

Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до местото на одржување на семинарот, со тоа што од страна на Националната агенција ќе бидат рефундирани потрошените средства за патот во износ на повратен автобуски билет.

Начин на аплицирање

За пријава, кандидатите е потребно да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:

 https://forms.gle/msS887M7nUzpWSH86  со рок на аплицирање најдоцна до 02 март 2024 година, до 16:00 часот.

Општи мерки за спречување на корупција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 35 (триесет и пет) еТвинери, за учество на еТвининг семинар за професионален развој, под наслов„СТЕМ во еТвининг и благосостојба( ИКТ алатки во образованиетои градење на капацитетите)  наменет за напредни еТвининери, кој ќе се реализираод 19-21 март 2024 во Маврово, Република Северна Македонија, ќе ги превземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx