Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус+, обука со работилници, унапредување на вештини од различни региони во Република Северна Македонија со фокус на приоритетите на програмата Еразмус+ и градење на меѓусебна соработка
Важно: Јавниот повик е за училишта кои досега воопшто не биле вклучени во програмата Еразмус+ (ни како носители, ни како партнери во проекти)
24-26 октомври 2024 година –Охрид
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира национална активност за обука и соработка во областа на образование и обука во полето на стручно и училишно образование.
Националната агенција согласно горенаведеното објавува Јавен повик за избор на 40учесници на настанот “Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус+, обука со работилници, унапредување на вештини од различни региони во Република Северна Македонија со фокус на приоритетите на програмата Еразмус+ и градење на меѓусебна соработка”.
Настанот има за цел да обучи исклучиво учесници, претставници на училишта кои досега воопшто немаат никакво искуство со програмата Еразмус+, односно училиштата не биле учесници во истата ни како носители ни како партнери во проекти.
Учесниците ќе се стекнат со знаење и вештини за потенцијално учество во програмата Еразмус+, како и сите релевантни административни процеси и предизвици.
Учесниците ќе се стекнат со соодветно знаење и насоки кои ќе поттикнат поглемо вклучување на инклузијата и различноста во Еразмус+ проектите, но и развивање на активности поврзани со зелената агенда и одржливоста, кои воедно се и едни од главните приоритети на Еразмус+ програмата 2021-2027 година.
ЦЕЛИ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД НАСТАНОТ:
1. Зголемување на капацитетите за аплицирање во програмата Еразмус+.
2.Зголемување на капацитетите на учесниците за подобрување наинклузијатаи различноста во нивнитепроектни апликации како приоритет во програмата Еразмус+,
3. Воспоставување на заедничко разбирањеи соработка со оние кои може да се сметаат за луѓе со помалку можности и поставување на рамка за нивно вклучување во програмата,
4.Развивање едукативни активности и материјали за корисниците со цел да се пренесат начини за вклучување на учесниците со помалку можности во програмските активности,
5. Промовирање напримери на добри практики поврзани со проекти кои поттикнуваат инклузија и различност преку директно вклучување на учесници со помалку можностии/или фокусирањенатематазавклучување и различност,
6.Промовирање на примери на добри практики поврзани со проекти кои се фокусираат на зелена агенда и одржливост во време на големи предизвици поврзани со заштита на животната средина.
7. Можности за вмрежување на учесниците за долгорочна заедничка соработка.
ЦЕЛНИ ГРУПИ:
Право на аплицирање имаат физички лица од основното и/или средно училишно и/или стручно образование (наставници, потенцијални координатори на проекти или меѓународна соработка во училишта, директори на училишта)кои се потенцијални корисници на програмата Еразмус+, соодветно подготвени да ја подигнат свеста за приоритетите на програмата Еразмус+ инклузија и различност, зелена агенда и одржливост кои досега воопшто не биле вклучени во истата, ни како носители, ни како партнери во Еразмус+ проекти од различни региони во Република Северна Македонија.
Да промовираат и да го зголемат учеството на лицата со помалку можности во рамките на нивните училишта и да промовираат и вклучуваат активности кои носат заштита и унапредување на животната средина.
КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 14-ти октомври 2024 година!
Апликацијата се поднесува на следниот линк:
Забелешка:Организаторот (домакинот) на настанот ќе ги известува со сите дополнителни информации само избраните учесници.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Обезбедено од страна на организаторот ќе биде следново:
- Организациски трошоци (сместување во еднокреветни соби во хотел во Охрид, оброци соодветно),
Општимеркизаспречувањенакорупцијата:
Националнатаагенцијазаевропскиобразовнипрограми и мобилност, вопостапкатазаизборна40 учесницинаактивност за обука и соработка’Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус+, обука со работилници, унапредување на вештини од различни региони во Република Северна Македонија со фокус на приоритетите на програмата Еразмус+ и градење на меѓусебна соработка’ иприизвршувањенаистата,ќегипреземеситепотребнимеркисоцелнавременооткривањенакорупцијатаиотстранувањеилинамалувањенаштетнитепоследициодистата.Доколкупостоиоснованосомнениевоврскасокорупцијавопостапкатаможедапријавитенаследната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mkи nepravilnosti@na.org.mk.