fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) започнува едукативна кампања, наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+

16.4.2025 11:49:26

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
Скопје, 16 април 2025 година

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) започнува едукативна кампања, наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+, со намера да ги унапреди транспарентноста, конкурентноста и квалитетот на проектите, во согласност со европските вредности и практики во образованието.

Кампањата предвидува спроведување на серија обуки, информативни сесии и теренски активности низ државата, целејќи да се зголеми учеството на основните и средни училишта, како и на други јавни институции, кои ќе бидат активно вклучени во програмата Еразмус+. Овој процес ќе придонесе за зајакнување на капацитетот за меѓународна соработка, за унапредување на образовните практики и ќе отвори нови можности за учениците, наставниците и младите во целата држава.

Симболично, оваа иницијатива започнува од Кочани, град кој неодамна беше погоден од огромна трагедија на национално ниво, а од денес започнуваме со конкретна институционална поддршка од страна на Агенцијата. Со оваа активност сакаме да испратиме јасна порака на солидарност и вложување во иднината на младите, како и во развојот на локалните образовни установи.

За време на посетата на Кочани, директорот на Националната агенција, д-р Петар Богојески, донесе одлука средствата што беа предвидени за репрезентативни трошоци (вклучувајќи храна и пијалаци) во месец април да се пренаменат за набавка на училишен прибор за дел од учениците во едно од општинските училишта. Оваа практика ќе стане редовна, со што месечниот буџет за репрезентативни трошоци ќе се користи за директна поддршка на ученици и образовни институции низ целата земја.

НАЕОПМ ги повикува сите заинтересирани училишта и организации да се запознаат со можностите за акредитација и аплицирање преку официјалната веб-страница на Агенцијата:
www.na.org.mk

Видео инсерти од посетата на Кочани можете да преземете од МИА.

 







Поврзете се

    czxczcx