Врз основа на решение бр. 18-360/2 од 05.05.2025 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 2 (два) експерти за изработка на функционална рамка за кариерно советување и насочување на деца со попреченост
Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и Еврогајденс центар. Оваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.
Во рамки на имплементацијата на годишната програма на Еврогајденс Центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за избор на два (2) експерти: еден експерт од областа на основните училишта со ресурсни центри и еден сертифициран кариерен советник за изработка на функционална рамка за кариерно советување и насочување на деца со попреченост.
Изработката на функционална рамка за кариерно советување и насочување на деца со попреченост претставува создавање на структурирана методологија и пристап кој ќе овозможи ефикасно насочување и поддршка на деца со попреченост во нивниот развој и избор на професионален пат. Оваа рамка треба да ги земе предвид нивните индивидуални потреби, способности и интереси, и да им помогне да развијат компетенции и самодоверба. Крајната цел на создавање на функционална рамка е да им се овозможи на децата со попреченост да ја остварат својата професионална независност и интеграција во општеството.
Критериуми за аплицирање:
- Да имаат најмалку 5 години работно искуство во основно училиште со ресурсен центар и/или да бидат сертифицирани кариерни советници со најмалку 5 години искуство.
- Да имаат искуство во подготовка и пишување на: артикли, публикации, рамки, водичи, брошури и други материјали од доменот на кариерното советување и насочување.
- И/или да имаат искуство во работа со деца со попреченост.
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) на следнава електронска пошта: info@na.org.mk, најдоцна до 15.05.2025 година.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.
Националната агенција со избраните кандидати ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на два (2) експерти за изработка на функционална рамка за кариерно советување и насочување на деца со попреченост и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.