20.04.2026 – 23.04.2026,
Град: Тунис, држава: Тунис
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како партнер во медитеранската мрежа МЕДНЕТ од програмата Еразмус+ (Северна Македонија, Србија, Грција, Турција, Кипар, Малта, Италија, Франција, Шпанија, Словенија, Хрватска) по успешно реализираните интернационални настани во делот на високо образование во Скопје во 2023 година (со вклученост на останатите земји од Западен Балкан), како и во Бенгуерир, Мароко во 2024 година (со вклученост на земјите од Субсахарска Африка), коорганизира уште еден настан во високото образование, кој ќе се реализира во Тунис, Тунис во 2026 година.
Овој настан е координиран од Национална агенција на Италија и за таа цел се објавува јавен повик за учество на 3 учесници на активност за обука и соработка „Еразмус+ стремеж кон повисоки насоки: Медитерански мостови помеѓу Африка и Европа засподелување на академските патишта" во полето на високо образование.
Тема и цели на настанот:
Главната цел на оваа активност за обука и соработка е да се подобри меѓународната димензија во високото образование преку програмата Еразмус+ за програмскиот период 2021-2027.
Настанот ќе собере претставници од високообразовните институции во земјите од МЕДНЕТ мрежата, земјите од Јужен Медитеран (Регион 3) и земјите од Субсахарска Африка (Регион 9).
Овој настан претставува единствена можност за вмрежување, споделување на најдобри практики, како и размена на нови идеи. Учесниците ќе истражат можности за развој на нови соработки во области од заеднички интерес, фокусирајќи се и на децентрализирани иницијативи (како што се проекти за мобилност за студенти и персонал во високото образование) и на централизирани активности (како што е градење капацитети во високото образование) во рамките на Еразмус+. Високообразовните институции-учесници ќе ги презентираат своите најрелевантни активности за соработка и преносливи резултати. Ќе има пленарни сесии и простори за интеракција меѓу учесниците, кои ќе дискутираат за примери на добри практики, можности и придобивки, предизвици и научени лекции.
Очекувани резултати:
Споделување новости за можностите на Еразмус+, фокусирајќи се на децентрализираните и централизираните активности достапни за високообразовните институции во Јужен Медитеран и Субсахарска Африка.
Идентификување на синергии: Истражување на потенцијалните врски помеѓу децентрализираните и централизираните активности, нагласувајќи ја соработката помеѓу европските и африканските институции преку размена на најдобри практики што ја подобруваат интернационализацијата.
Развивање предлози: Поддршка на креирањето нови предлози за соработка во рамките на KA171 - Меѓународна кредитна мобилност (ICM) и други релевантни централизирани активности на Еразмус+ за 2021-2027 година.
Поттикнување на дијалог: Промовирање на отворена и конструктивна размена на идеи, искуства и очекувања меѓу сите засегнати страни.
Како резултат на конференцијата, ќе се соберат реакции и перспективи за предлогот на Европска Комисија за идната програма: кои активности се најсоодветни за подобрување на меѓународната соработка меѓу високообразовните институции и како развиените резултати и активности во рамките на Еразмус+ проектите можат да послужат како основа за понатамошни подобрувања од страна на други високообразовни институции.
На тој начин, конференцијата ќе помогне во зајакнувањето на академските, стратешки партнерства помеѓу Европа и нејзините партнери во Африка.
Целна група на учесници:
Искусни претставници на високообразовни институции, врз основа на нивните активни активности за меѓународна соработка, со моќ за донесување одлуки (т.е. потпишување договори и предлози за проекти) како што се ректори, проректори, декани, директори на високообразовни институции (универзитети)
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Активноста ќе се реализира во периодот од 20.04.2026 - 23.04.2026
(20.04.2026 е ден на пристигнување, 23.04.2026 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Аплицирање:
https://salto-et.net/events/show/IT02_0808_THO_2025
Крајниот рок за поднесување на апликации е 20.11.2025 година.
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.