Врз основа на Решение бр.20-47/2 од23.01.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 5 (пет) наставници по предметна настава од основни, средни и стручни училишта, за учество на семинар „Вештини за живот“
(Skills for Life)
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 5(пет) наставници по предметна настава од основни, средни и стручни училишта, за учество на семинар „Вештини за живот“ (Skills for Life), кој ќе се одржи од 27-29 април 2026година во Дизелдорф, Република Германија.
Семинарот е наменет за учесници регистрирани во еТвининг платформата.
Е-твинери се регистрирани наставници во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.
Критериуми за аплицирање
При изборот на учесниците ќе се земаат во предвид следниве аспекти:
*Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.
Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е28.01.2026 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:
https://forms.gle/eRNVCRoEkWzEfJic7
Трошоци за учество
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патување, сместување и котизацијата за настанот. Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 5 (пет) наставници по предметна настава во основни, средни или стручни училишта, за учество на семинар „Вештини за живот“ (Skills for Life)и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.