Врз основа на Решение бр.20-335/2од 18.05.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за објавување на повик за избор на 25 (дваесетипет) учесници, на еТвининг дводневен семинар за носачи на одлуки на тема „Примена на СЕЛФИ за унапредување на дигиталното образование во училиштата“ кој ќе се одржи во периодот од 25-26 јуни 2026 година во Велес, Република Северна Македонија
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 25 (дваесетипет)учесници, на еТвининг дводневен семинар за носачи на одлуки на тема „Примена на СЕЛФИ за унапредување на дигиталното образование во училиштата“, кој ќе се одржи во периодот од 25-26 јуни 2026 година во Велес, Република Северна Македонија.
Семинарот е наменет за директори на образовни установа, вработени во МОН и БРО;
СЕЛФИ (SELFIE) е бесплатна алатка на Европската Комисија наменета за училиштата, која помага да се процени колку дигиталните технологии се користат во наставата, учењето и организацијата на училиштето.
Критериуми за аплицирање
ü Лицето треба да е вработено во основно или средно училиште, градинка, МОН или БРО;
ü Лицето треба да извршува функција директор на образовна установа или да е вработен/а во МОН или БРО;
ü Лицето да има познавање на англиски јазик и основни вештини за работа со компјутери.
При изборот на учесниците ќе се земаат во предвид следниве аспекти:
ü застапеност по региони во Република Северна Македонија;
ü профил на учесникот и неговата измината работа
* Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.
Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е22.05.2026 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:https://forms.gle/kRJ5mTozGLAVjDvt7
Трошоци за учество
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за храна, сместување и пат. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до местото на одржување на семинарот, а трошокот за пат ќе биде рефундиран во износ на автобуски билет.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 25 (дваесетипет)учесници, на еТвнинг дводневна семинар за носачи на одлуки на тема „Примена на СЕЛФИ за унапредување на дигиталното образование во училиштата“ кој ќе се одржи во периодот од 25-26 јуни 2026 година во Велес, Република Северна Македонијаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.