Врз основа на Решение бр 25-411/2 од 11.06.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност („Национална агенција“), ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за презентери за потребите на Регионална ЕПАЛЕ Конферениција, која ќе се одржи во Белград, Србија, во периодот од 4-5.11.2026 година, на тема „Одржливост на образованието за возрасни: квалитет, иновации и нови простори за учење“
Согласно работната програма за платформата ЕПАЛЕ (ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (НСП)) со која управува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Националната агенција), предвидена е коорганизација на Регионалната ЕПАЛЕ Конференција која ќе се одржи во Белград, Србија, во периодот од 4-5.11.2026 година, на тема „Одржливост на образованието за возрасни: квалитет, иновации и нови простори за учење“.
Во работниот дел на Конференцијата, ЕПАЛЕ НСП треба да обезбеди презентери за потребите на две работилници.
Избраните кандидати ќе треба да подготват своја презентација на една од предложените теми и да ја презентираат во рамките на Конференцијата.
Предложените теми се:
Предност ќе имаат презентации кои нудат информации за практични алатки, конкретни модели кои се веќе во употреба и можат да бидат интересни за социјални партнери од 6-те земји вклучени во Регионалната Балканска соработка во ЕПАЛЕ.
ЕПАЛЕ НСП ќе ги покрие трошоците за сместување и пат за учество на Конференцијата на избраните кандидати.
Избраните кандидати ќе бидат задолжени да подготват презентација на една од предложените теми и истата да ја презентираат во рамките на Конференцијата.
Начин на аплицирање:
На повикот можат да се пријават лица кои се занимаваат со образование на возрасни, имаат свој профил на ЕПАЛЕ и се заинтересирани за учество на Регионалната ЕПАЛЕ Конференција.
Со поднесување на пријавата, кандидатот потврдува дека е во можност да учествува на настанот.
Кандидатите треба да подготват ЕПАЛЕ блог на една од горенаведените теми и истиот да го прикачат во ЕПАЛЕ Платформата преку својот профил. Прикачувањето треба да биде најдоцна до: 15.07.2026.Насловот на блогот задолжително треба да содржи назнака: Пријава за Регионална ЕПАЛЕ Конференција: (наслов на презентацијата).
Блогот задолжително содржи неколку елементи: вовед во темата, зошто е таа важна во национален/интернационален контекст, како е пристапот во решавањето на предизвиците, предмет/метод/алатка за работа, постигнати резултати и научени лекции. На крајот, блогот треба да содржи кратка информација за авторот и неговото искуство поврзано со темата која е избрана. Темата ја избира кандидатот по сопствен избор.
ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка ќе ги разгледува поднесените блогови и ќе ги избере презентерите кои имаат подготвено презентации кои нудат информации за практични алатки, конкретни модели кои се веќе во употреба и можат да бидат интересни за социјални партнери од 6-те земји вклучени во Регионалната Балканска соработка во ЕПАЛЕ.
За ангажманот ќе биде склучен договор за регулирање на правата и обврските во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор за говорници/учесници на Регионална ЕПАЛЕ Конференција и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.