fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на истражувач за спроведување на истражување за задоволството на корисниците на ЕПАЛЕ (македонска верзија

12.6.2026 11:21:29

Врз основа на Решение бр 25-410/2 од 11.06.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност („Национална агенција“), ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на истражувач за спроведување

на истражување за задоволството на корисниците на ЕПАЛЕ (македонска верзија)

 

Согласно работната програма за платформата ЕПАЛЕ (ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка) со која управува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Националната агенција), предвидено е истражување на задоволствoто на корисниците на македонската верзија на платформата.

Истражувањето ќе обезбеди релевантни и веродостојни податоци за: нивото на задоволство на корисниците од платформата, квалитетот, релевантноста и достапноста на содржините, функционалноста и корисничкото искуство, како и потребите и очекувањата на корисниците за понатамошен развој на платформата.

 

Главната цел на ангажманот е да се обезбедат релевантни и веродостојни податоци за:

  • нивото на задоволство на корисниците од платформата;
  • квалитетот, релевантноста и достапноста на содржините;
  • функционалноста и корисничкото искуство;
  • потребите и очекувањата на корисниците за понатамошен развој на платформата.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен да:

  • изработи методологија за истражувањето,  
  • го спроведе истражувањето,
  • ги анализира прибраните податоци,
  • изготви извештај со наоди, заклучоци и препораки и
  • презентира резултати пред релевантни засегнати страни (по потреба).

 

Истражувањето треба да се реализира во период од 4 месеци (јули-октомври 2026 година).

Право за аплицирање на овој повик имаат физички и правни лица кои се занимаваат со образование на возрасни и/или истражување од Република Северна Македонија  кои ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат релевантно искуство во спроведување истражувања (најмалку 2 слични истражувања),
  • да располагаат со стручен тим (истражувачи/аналитичари),
  • да се запознаени со ЕПАЛЕ и можностите и функционалностите кои таа ги нуди и
  • познавање на областа на образование на возрасни ќе се смета за предност.

 

Истражувачот ќе биде ангажиран во периодот од 4 месеци (јули-октомври 2026 година) со договор во кој ќе се уредат детално правата и обврските во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.

 

Потребна документација:

  • Мотивациско писмо
  • Кратка биографија, пожелно во Европас формат на лицето/тимот кој ќе биде вклучен во истражувањето или портфолио (Ве молиме концентрирајте се на искуството кое е поврзано со темата на Повикот).
  • Кратка методологија за истражувањето, со временска рамка.
  • Предлог буџет (по ден или фаза).

 

Начин на аплицирање:

Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта: epale@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за ЕПАЛЕ истражувач, со краен рок на аплицирање до  30.06.2026 година, до 16.00 часот.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор за ангажирање на истражувач за спроведување на истражување за задоволството на корисниците на ЕПАЛЕ (македонска верзија) и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx