fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 3 (три) лица во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на определено време

24.8.2026 12:21:58

Врз основа на член 20-г и член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), член 22 став (1) алинеја 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија “бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21) и и Решение за објавување на јавен оглас за вработување на 3 (три) лица во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на определено време со бр. 04-493/3 од 21.08.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 3 (три) лица во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на определено време

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува оглас за вработување на 3 (три) лица на определено време до 31.12.2026 година, на следните позиции:

 

  1. Помлад соработник за Внатрешен ревизор на обука – 1 (еден) извршител

Општи услови:

-              да е државјанин на Република Северна Македонија,

-              активно да го користи македонскиот јазик,

-              да е полнолетен,

-              да има општа здравствена способност за работното место

-              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Степен и вид на образование:

-              VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економски или правни науки.

-              со или без работно искуство

Распоред на работно време:

-              работни часови во неделата: 40

-              работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето месечна плата 35.744,00 денари.

 

  1. Хигиеничар – 1 (еден) извршител

Општи услови:

-              да е државјанин на Република Северна Македонија,

-              активно да го користи македонскиот јазик,

-              да е полнолетен,

-              да има општа здравствена способност за работното место

-              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Степен и вид на образование:

-              Основно образование.

-              со или без работно искуство

Паричниот износ на основната нето месечна плата 28.934,00 денари

 

  1. Самостоен референт за имплементација на мобилности од областа на високото образование и образование за возрасни – 1 (еден) извршител

Општи услови:

-              да е државјанин на Република Северна Македонија,

-              активно да го користи македонскиот јазик,

-              да е полнолетен,

-              да има општа здравствена способност за работното место

-              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Степен и вид на образование:

-              Вишо или средно образование.

-              со најмалку 3 (три)  години работно искуство

Паричниот износ на основната нето месечна плата 29.669,00 денари

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата за вработување треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар, и тоа:

 

-         Доказ за државјанство;

-         Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;

-         Уверение / диплома за завршен степен на образование.

-         Кратка биографија.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време со времетраење до 31.12.2026 година.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

Огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневните дневници.

Условите наведени во огласот, кандидатот треба да ги исполнува во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација потребно е да се достави до архивата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност или по пошта на следнава адреса:

 

                       Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр 17,  1000 Скопје

Архивата на Националната агенција

(со назнака „за оглас за вработувањебр. 04/2026“)

Контакт број +389 2 3109 045

 

 

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

 







Поврзете се

    czxczcx