fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2026-2027 година

02.9.2026 13:23:16

Врз основа на Решение бр. 18-561/2 од 01.09.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност („Национална агенција“) го објавува

 

Јавен повик

за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2026-2027 година

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на Јутвики, за која има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Северна Македонија го објавува овој Јавен повик со цел да се избере организација од Република Северна Македонија активна во полето Млади која со својата експертиза ќе придонесе во деталната дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2026-2027 година. Главната улога на организацијата е изработка на дескрипција на националниот развој на политиките во однос на младите кој треба да биде на англиски јазик за потребите на Јутвики. Исто така, ќе изработува тематски компаративни анализи на национални политики, собирање на потребни податоци за тематски компаративни прегледи – Јутвики онлајн мапи, организација на настани и промоција на мрежата Јутвики и собирање на податоци за Табелата индикатор за мобилност на младите.

 

Критериуми за избор:

  • Најмалку 7 години работа на организацијата во полето млади;
  • Минимум 5 вработени во организација, програмски дел;
  • Минимум учество во подготовка на 2 национални политики за млади;
  • Познавање на европските политики и стратегии во областа на младите; 
  • Одлично познавање на англиски јазик на вработените;
  • Способност за работа со ИКТ алатки;
  • Искуство во управување и спроведување на интернационални проекти;
  • Учество на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на Млади;
  • Учество во национални/локални комисии или работни тела за промоција и развој на волонтерството.

 

Начин на избор и ангажман на Организација

Пристигнатите пријави прво ќе поминат низ проверка на формални услови а потоа врз нив ќе биде спроведена квалитативна проценка врз основа на доставените документи.

Избраната организација ќе биде поканета на задолжителна обука организирана од страна на Националната агенција. Обуката се однесува на релевантната документација и начинот на изготвување на секое поглавје.

Избраната организација ќе биде ангажирана до 31 март 2028 година.

Избраната организација ќе потпише договор со Националната агенција со кој ќе се регулираат неговите права и обврски во поглед на ангажманот и надоместокот за извршената работа.

Националната агенција го задржува правото на измена на износите на надоместокот, како и правото на ускратување и/или смалување на износот на надоместокот сразмерно со опсегот на евентуално утврдените пропусти. 

Националната агенција го задржува правото да ги превземе сите неопходни мерки за да спречи судир на интереси кои делумно или целосно можат да влијаат врз имплементацијата на склучениот договор со избраната организација. Членови на избраната организација неможат да бидат ангажирани за изработка на дескрипцијата на Јутвики доколку се:

  • Лица кои во било кој облик се вклучени во надзорот на работата на Националната агенција;
  • Лица кои не се државјани на Република Македонија;
  • Лица кои биле или се виновни за сериозна професионална злоупотреба од било каков тип кој Националната агенција може да го докаже;
  • Лица кои непрофесионално или парцијално ги извршиле задачите врз основа на различни типови на договори со Националната агенција.

 

Постапка за пријавување

Пријавите се поднесуваат исклучиво по пошта или лично во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на  следнава  адреса:

Бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 17, Поштенски фах 796, 1000 Скопје, Република Северна Македонија со назнака „Јутвики за 2026-2027 година“

Краен рок за поднесување на пријавите е: 11 Септември 2026 година (дата на поштенска пратка).

Потребна документација:

  • Кратка биографија во Еуропас формат на македонски јазик на активните членови на организацијата кои би работеле на дескрипцијата на поглавјата.
  • Доказ за 7 годишно постоење на организацијата и активна работа на организацијата во полето млади
  • Доказ за најмалку 5 вработени во организација, програмски активности
  • Доказ за учество во подготовка на 2 национални политики за млади

 

Дополнителна документација (копија):

  • Доказ за учество во меѓународни активности во полето млади.
  • Доказ за стекнато искуство за управување и спроведување на интернационални проекти.
  • Доказ за познавање на англиски јазик.

 

Квалитативната проценка на апликациите ќе се врши врз основа на поднесената потребна документација. Во Ваш интерес е да доставите и дополнителна документација, која ќе даде дополнителен квалитет на Вашите квалификации.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2026-2027 година и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx