fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Мрежите во фокусот: Еразмус луѓето како амбасадори на учеството и европските вредности“

13.9.2026 15:46:52

Јавен повик за учество на  активност за обука и соработка

„Мрежите во фокусот: Еразмус луѓето како амбасадори на учеството и европските вредности 

 

14.12.2026 – 17.10.2026

Рим, Италија

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Италија објавува јавен повик за учество на 3 учесника на активноста за обука и соработка „Мрежите во фокусот: Еразмус луѓето како амбасадори на учеството и европските вредностикоја ќе се реализира во Рим, Италија.

 

Тема и цели на настанот:

Долгорочната активност (LTA) PEACE+ (Participation Erasmus Alumni for Civic Engagement / Учество на Еразмус алумни за граѓански ангажман), координирана од италијанската Национална агенција IT02 NA INDIRE, има за цел да го подобри разбирањето на младите луѓе и граѓаните за европските вредности, да ја зголеми свеста и чувството на припадност кон Европската Унија.

Овој проект за интернационална соработка го промовира граѓанскиот ангажман и демократското учество како клучни предуслови не само за иднината на програмата Еразмус+, туку и за иднината на самата Европска Унија.

Неколку национални агенции воспоставија мрежи на амбасадори или соработуваат со постојни мрежи на Еразмус+ алумни (на пример, ESN, Europeers, Euroapprentices и др.) со цел да ги промовираат можностите што ги нуди програмата и да ги поттикнат новите учесници да се вклучат.

Активноста за обука и соработка организиран од IT02 NA INDIRE, ја зајакнува улогата на Еразмус+ алумните и амбасадорите како активни промотори на европските вредности и граѓанското учество, преку комуникација меѓу врсници, лични сведоштва, активности, настани и кампањи.

Активноста ќе биде насочена кон поттикнување на синергијата меѓу различните мрежи, со следните цели:

  • Развивање на меѓусебно запознавање и соработка помеѓу Еразмус+ амбасадорите и мрежите на алумни;
  • Зајакнување на улогата на Еразмус+ амбасадорите во подигнувањето на свеста за вредностите на Европската Унија и поттикнувањето на граѓанскиот ангажман;
  • Размена на добри практики;
  • Планирање заеднички активности;
  • Поттикнување на критичкото размислување;
  • Истражување на алатки и методи за вклучување на младите во европските демократски процеси.

Очекувани резултати:

-         Вмрежување: учесниците ќе имаат можност да воспостават нови контакти и да ги зајакнат врските со колеги од различни земји.

-         Подобро запознавање со постојните мрежи поврзани со програмата Еразмус+ и начинот на нивното функционирање.

-         Размената на искуства и добри практики ќе претставува инспирација за идни активности, настани и кампањи, вклучително и во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од програмата Еразмус+.

-         Зголемена свест за европските вредности и европското граѓанство кај учесниците.

-         Учесниците ќе стекнат продлабочено разбирање за учеството во демократскиот живот и поврзаните теми, како и можност да истражуваат различни аспекти на овие прашања преку учество во разновидни работилници.

 

Целна група на учесници:

-         Претставници на мрежите на Еразмус+ амбасадори управувани од националните агенции во сите сектори на Програмата.

-         Членови на европските мрежи на Еразмус+ алумни (ESN, Europeers, Euroapprentices, GaragErasmus Foundation и други).

-         Други засегнати страни во рамките на Програмата.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Активноста за обука и соработка ќе се реализира во периодот од 14.12.2026 - 17.12.2026

 (14.12.2026 е ден на пристигнување, 17.12.2026 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет и сместувањето (во вид на: билет за превоз до аеродром и назад, локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 19.09.2026година.

Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/IT02_0919_THO_2026

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx