ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 2 (двајца) еТвинери за учество на конференција која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 2 (двајца) еТвинериод училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година, за учество на еТвининг конференција која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска.
Конференцијата е наменета за еТвинери од училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година
еТвининг училиштата се училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште поради нивната активност и посветеност на еТвининг.
Критериуми за аплицирање
ü Лицето треба да биде регистрирано на еТвининг платформата;
ü Лицето да биде вработено во училиште кое има добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година;
ü Лицето да има учествувано во еТвининг проекти и обуки за професионален развој;
ü Лицето да има познавање на англиски јазик и основни вештини за работа со компјутер;
При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти:
ü историјата на учество на претходни еТвининг семинари;
ü застапеност по региони во Република Северна Македонија;
ü како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.
Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е07.10.2026 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:
https://forms.gle/iSdEHb8wJ6aaftsU8
Трошоци за учество
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патувње, сместување и котизацијата за настанот. Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 2 (двајца) еТвинериод училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година за учество на конференција под наслов „Училишта подготвени за иднината со еТвининг: од силни темели до предводници на промените“ која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска ипри извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.