Врз основа на Решение бр. 25-665/2 од 30.10.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
за избор на 15 учесници на ЕПАЛЕ Завршна конференција за циклусот 2025/2026 со наслов: на тема „ЕПАЛЕ: постигнувања, добри практики и нови перспективи за образованието на возрасните“,која ќе се одржи во периодот од 19-20 ноември 2026 година во х. Метропол, Охрид, Република Северна Македонија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку Националниот сервис за поддршка на ЕПАЛЕ во Република Северна Македонија, објавува јавен повик за учество на завршната конференција на ЕПАЛЕ за циклусот 2025/2026, која ќе се одржи на 19 и 20 ноември 2026 година во х. Метропол, Охрид, Република Северна Македонија.
За настанот
Завршната конференција има за цел да ги заокружи активностите реализирани во рамките на тековниот циклус на ЕПАЛЕ, да ги презентира постигнатите резултати и да промовира добри практики во користењето на платформата.
Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на ЕПАЛЕ амбасадорите и креаторите на содржини во градењето активна и одржлива заедница на професионалци, како и на можностите за унапредување на квалитетот, видливоста и релевантноста на содржините на платформата.
Настанот ќе овозможи и претставување на новиот циклус на активности на ЕПАЛЕ, идентификување на приоритетните теми и потреби на заедницата и поттикнување поголемо учество на националните чинители во развојот на образованието на возрасните.
Во рамките на програмата е предвидена и едукативна сесија посветена на актуелни теми и развојот на професионалните компетенции на учесниците.
Кој може да учествува?
Датум и програма
Датум: 19–20 ноември 2026 година
Место на одржување: х. Метропол, Охрид, Република Северна Македонија
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со пополнување на пријавата достапна на следниот линк: „ЕПАЛЕ: постигнувања, добри практики и нови перспективи за образованието на возрасните“.Крајниот рок за пријавување е 09.11.2026година.
Бројот на учесници е ограничен и изборот ќе се врши врз основа на системот „прв пријавен-жен“, во согласност со критериумите за учество наведени погоре.
Трошоци за учество
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за храна, сместување и пат. За учесниците од Скопје ќе биде организиран превоз на релација Скопје-Охрид-Скопје, додека учесниците од другите градови се должни самостојно си го обезбедуваат транспортот од местото на поаѓање до местото на одржување на семинарот. Трошоците за пат ќе бидат рефундирани во износ на повратен автобуски билет.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 15 учесници на ЕПАЛЕ Завршна конференција за циклусот 2025/2026 со наслов: на тема „ЕПАЛЕ: постигнувања, добри практики и нови перспективи за образованието на возрасните“, која ќе се одржи во периодот од 19-20 ноември 2026 година во х. Метропол, Охрид, Република Северна Македонија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.