fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) графички дизајнер за визуелизација на Националниот тим за СОО

10.8.2023 15:31:45

Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) графички дизајнер за визуелизација на Националниот тим за стручно образование и обука - Национален тим за СОО
(National VET Team)


Врз основа на решение бр. 24-826/2 од 07.08.2023 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за ангажирање на 1  (еден) графички дизајнер за визуелизација на 
Националниот тим за СОО


Националната агенција го објавува овој Јавен повик за графички дизајнер за визуелизација на Националниот тим за СОО со следните обврски:

1. Дизајнирање на лого за Националниот тим за СОО;
2. Дизајн и подготовка за печатење на публикација изготвена од страна на Националниот тим за СОО;
3. Графичка визуелизација и создавање на страници на социјалните мрежи Фејсбук и Линкедин.

Детално објаснување за потребните услуги:

1. Дизајнирање на лого за Националниот тим за СОО

Одбраниот кандидат ќе има обврска да предложи 3 (три) предлог-логоа за Националниот тим за СОО. 

Пред започнување на процесот на дизајнирање на трите предлог-логоа, графичкиот дизајнер ќе има обврска да одржи средба со преставници на Националниот тим за СОО на која би се прецизирале изборот на симболи, бои и текст.

Националниот тим за СОО ќе има можност да предложи најмногу 3 (три) измени (промена на бои и промена на фонт) на предложеното лого.

2. Дизајн и подготовка за печатење на публикација изготвена од страна на Националниот тим за СОО

Одбраниот кандидат ќе има задача да направи дизајн на публикацијата изготвена од страна на Националниот тим за СОО по претходно доставен текст.

3. Графичка визуелизација и создавање на страници на социјалните мрежи Фејсбук и Линкедин.

Одбраниот кандидат ќе има за задача да создаде страници на социјалните мрежи Фејсбук и Линкедин со дизајни за насловни фотографии и дизајни за профилни снимки, по претходна координација со претставници на Националниот тим за СОО.

Критериуми за аплицирање
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

Да е државјанин на Република Северна Македонија 
Да има минимум 3 (три) години искуство од областа на графичкиот дизајн
Да има подготвено Европас мотивациско писмо во електронски формат
Да прикаже досие со претходни дизајни

Потребни документи за аплицирање

Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:

Европас мотивациско писмо во електронски формат 
Уверение за државјанство на Република Северна Македонија
Претходни 3 (три) дизајни на логоа од 3 (три) претходни клиенти во електронски формат
Кус опис за методологијата за начинот на создавање лого

Националната агенција со избраниот графички дизајнер ќе склучи договор за извршување на услуги во кој ќе се утврдат правата и работните обврски, како и надоместокот за извршените обврски.  

Начин на аплицирање:
Сите заинтерисирани кандидати потребната документација треба да ја достават на следнава електронската пошта: nvt@na.org.mk, со наслов на е-поштата: Апликација за ангажирање на графички дизајнер за визуелизација на Националниот тим за СОО.

Крајниот рок за аплицирање е до 31 август 2023 година, до 12:00 часот.



Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. 

Општи мерки за спречување на корупцијата


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 1  (еден) графички дизајнер за визуелизација на Националниот тим за СОО
 и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk. 











Поврзете се

    czxczcx