fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за ЕПАЛЕ амбасадори

03.8.2022 14:40:35

Врз основа на Решение бр. 25-942/2 од 29.07.2022, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ Амбасадори

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ Амбасадори

Зошто да бидам ЕПАЛЕ Амбасадор?

  • Ќе ја промовирате вашата организација во рамките на секторот за образование на возрасни низ цела Европа преку активности кои се релевантни за вашите вештини, искуство и знаење,
  • Можете да ги споделите вашите идеи за нови иницијативи и политики,
  • Можете да ја зголемите својата мрежа на други Амбасадори и ЕПАЛЕ корисници,
  • Ќе бидете дел од најголемата, мултилингвална, електронска заедниза за учење на возрасните.

ЕПАЛЕ Амбасадорот:

  • Идентификува потенцијални корисници и обезбедува техничка поддршка во процесот на нивна регистрација на Платформата,
  • Помага во мапирање на главните социјални партнери поврзани со образованието за возрасни како и образовните можности за возрасни во соодветниот регион,
  • Ја промовира ЕПАЛЕ преку различни канали и одржува промотивни средби со преставници на институции од образованието за возрасни на локално ниво,
  • Учествува во различни ЕПАЛЕ иницијативи на национално и европско ниво,
  • Идентификува и/или креира содржини (блогови, статии, настани, ресурси) погодни за објавување на Платформата,
  • Овозможува техничка поддршка во процесот на регистрација на нови корисници,
  • Учестува во подготовка и унапредување на промотивни/информативни материјали за ЕПАЛЕ,
  • Активно учествува во различни дискусиони групи како на ЕПАЛЕ, така и на социјалните медиуми.

ЕПАЛЕ Амбасадори можат да бидат лица преставници на организации/институции кои активно се занимаваат со образование на возрасни од Република Северна Македонија. Покрај тоа, тие треба да:

  • Се активни на социјалните медиуми,
  • Ги разбираат главните документи и трендови во политиките поврзани со образованието на возрасните на национално и европско ниво,
  • Се дел од повеќе (меѓународни) мрежи,
  • Се вклучени или биле вклучени во европски/меѓународни проекти,
  • Го познаваат англискиот јазик и имаат напредни ИКТ вештини. 

За својата работа, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори имаат право на симболичен надомест. Истиот ги покрива сите трошоци на Амбасадорот за организирање настани, транспорт, локален превоз, комуникации итн.

Пред започнување на ангажманот, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори ќе поминат детална обука за начинот на работа. ЕПАЛЕ Амбасадорите имаат право на поддршка од ЕПАЛЕ НСП во текот на целокупното времетраење на ангажманот.

ЕПАЛЕ Амбасадорите ќе бидат ангажирани за 2022/23 година, со можност за продолжување и во 2024 година.

Начин на пријавување

Пополнета апликација заедно со ваша кратка биографија во ЕВРОПАС формат поднесете на epale@na.org.mk, со назнака: за Повик за Амбасадори, најдоцна до 31.08.2022 година. Задолжително назначете: „За Јавен Повик за ЕПАЛЕ Амбасадори“.







Поврзете се

    czxczcx