fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за избор на тројца членови на Националниот тим за СОО

25.8.2022 16:20:22

Врз основа на Решение бр. 24-1008/3 (дата: 25.8.2022),
 
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

заизбор на тројца членови на Националниот тим за СОО

 

Националниот тим за стручно образование и обука е тело кое дејствува по насоки на Европската комисија и е составено од група експерти кои доаѓаат од полето Стручно образование и обука (СОО). Главната цел на Националниот тим за СОО е да обезбеди стручен пристап преку кој ќе ја промовира и подобрува примената на алатките и начелата на стручното образование и обука и ќе го поттикнува процесот на интернационализација на образовните центри и другите организации во полето СОО.

 

Од членовите на Националниот тим за СОО се очекува:

-да ги познаваат регулативите и алатките во полето СОО;

-да идентификуваат добри европски практики во полето СОО и истите да ги приспособат за примена во национален контекст, да селектираат релевантни материјали за превод од полето СОО, да изработуваат содржини кои ќе бидат објавени од страна на Националниот тим за СОО;

-да вршат промоција на резултатите од работењето на Националниот тим за СОО;

-да планираат и спроведуваат настани и активности за градење капацитети на образовните центри во полето СОО;

-активно да учествуваат во организирање на национални настани и работилници во полето СОО;

-да учествуваат на меѓународни настани во полето СОО.

 

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

-да бидат професионално вклучени во полето СОО, при што предност ќе имаат кандидатите вработени во некој од регионалните центри за СОО;

-да ги познаваат локалните и европските политики и стратегии во полето СОО;

-активно да го познаваат англискиот јазик;

-да имаат искуство во одржување на работилници, обуки, семинари и други настани;

-да имаат искуство во работа со електронски алатки, платформи и социјални медиуми.

 

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани до крајот на 2022 година со можност за продолжување на ангажманот.

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) и мотивациско писмо на следнава електронска пошта: nvt@na.org.mk, со назнака: Јавен повик за Национален тим за СОО, најдоцна до 09.09.2022 година.







Поврзете се

    czxczcx