fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

На Универзитетот во Тетово беше презентирана Програмата за размена на студенти, академски и административен кадар - Еразмус+

19.10.2022 14:27:26

Националната агенција за европски образовани програми и мобилност на ден 17.10.2022 на Универзитетот во Тетово, во просториите на Правен факултет, ја презентираше Програмата за размена на студенти, академски и административен кадар како и програмата КА2 Партнерства за соработка - Еразмус +.

На оваа средба, на која присуствуваа значителен број студенти и вработени на УТ, проректорот за меѓународна соработка, проф. Др. Шефик Шеху изјави дека во рамките на оваа успешна платформа за размена, Универзитетот во Тетово само оваа година испратил околу 80 студенти на различни европски универзитети, што значи наше силно позиционирање меѓу најпрестижните европски високообразовни институции.


Во меѓувреме, Александар Богојески и Арменд Лута од Националната агенција за европско образование и мобилност ги презентираа критериумите, можностите и иновациите што ги нуди оваа програма. Приоритетите на Еразмус + за периодот 2021-2027 година остануваат квалитетот во образованието и обуката, инклузијата и родовата еднаквост, зелената и дигиталната транзиција, како и зајакнувањето на соработката со стратешките партнери на глобално ниво. Еразмус + годинава ја зголеми поддршката за инклузија, што значи дека учениците со еден родител, учениците со ромска етничка припадност, како и студентите кои се корисници на 

социјална помош ќе имаат дополнителни финансиски средства, односно покривање на трошоците до 100%.


Програмата Еразмус + е програма на Европската Унија, која финансиски поддржува низа активности во областа на образованието, обуката, младите и спортот, преку размена на студенти и академски кадар помеѓу различни европски универзитети.








Поврзете се

    czxczcx