fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на семинар „Почитување на различноста: Инклузија во меѓународните проекти“

13.3.2023 09:09:24

16.05.2023 - 19.05.2023

Прага, Чешка Република (Prague, Czech Republic)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Чешката Република, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на семинарот „Почитување на различноста: Инклузија во меѓународните проекти“.

Учеството на луѓе со помалку можности е од огромно значење за нашата иднина. Во овој меѓународен семинар за наставници, имаме за цел да одговориме на еден од главните предизвици со кои се соочуваат наставниците во денешно време: зголемување на различноста во училниците и идентификување на најдобрите практики за вклучување на ученици со помалку можности. Вклучувањето и различноста се меѓу клучните приоритети на програмата Еразмус+ и затоа е важно да се биде свесен за потенцијалните пречки кои би спречиле некој да учествува во проектите и ефективно да се ослободи од нив. Учесниците ќе ја прошират својата европска мрежа на контакти и ќе стекнат нови врски за соработка на меѓународно ниво на темите што се обработуваат.

Очекуваните резултати се:


да се обезбеди правилно воведување на програмата за концептот на помалку можности и да се воспостави општо разбирање за оние кои може да се сметаат за учесници со помалку можности и да се дискутира за нивното вклучување во проекти,

со меѓусебна комуникација и со помош на експерти од областа, учесниците да разговараат и да развијат концепти за вклучување во нивните потенцијални институции и да научат како да ги диверзифицираат нивните потенцијални проекти,

семинарот ќе понуди можности за вмрежување на училишниот персонал, да најде партнери и да иницира нови проекти (проекти за мобилност (КА1), проекти за соработка (КА2), еТвининг проекти),

семинарот ќе ги нагласи начините на кои училиштата и наставниците можат да ги искористат отворените можности од учеството во програмата Еразмус+

Целна група на семинарот се:

- наставници од училишта кои се целосно нови во Еразмус+ програмата или имаат ограничено искуство со програмата и се заинтересирани да започнат проекти Еразмус+ (Клучна акција 1 и 2)

 - наставници од училишта кои работат со ученици на EQF нивоа 3 и 4 и во секторите за училишно образование и стручна обука

Деталната програма на семинарот во пдф формат е достапна на платформата САЛТО за оваа соодветна активност за обука и соработка.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 16.05.2023 - 19.05.2023

 (16.05.2023 е ден на пристигнување,  19.05.2023 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Прага, Чешка Република во периодот 16.05.2023 - 19.05.2023. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 31.03.2023 година.

Линк за аплицирање:  https://salto-et.net/events/show/CZ01_0382_TSS_2022

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на семинарот „Почитување на различноста: Инклузија во меѓународните проекти“ и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk







Поврзете се

    czxczcx