Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира семинар од транснационален карактер во областа на образование и обука на тема
- Спроведување на политики и зацврстување на регионалната соработка во поглед на “Green Balkans” со цел квалитетна имплементација на зелените политики со фокус на еден од клучните приоритети на програмата Еразмус+ - зелена агенда и одржливост.
Националната агенција во соработка со Националната агенција од Бугарија, објавува јавен повик за учество на 15 учесници на оваа активност за соработка во областа на образование и обука.
Оваа активност има за цел цел да ги запознае учесниците со постоечките еко-иницијативи и проекти како дел од програмата Еразмус+, како и да создаде простор за дискусија на тема зелени работни места и поврзаноста на образованието со пазарот на труд.
Покрај ова, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за најдобрите практики на Зелен Еразмус во Северна Македонија и Бугарија.
Учесниците на семинарот ќе работат во групи, ќе спроведуваат активности преку примери и ќе ги презентираат очекуваните резултати.
Очекувани резултатиод семинарот:
Напредна билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија преку заедничка дискусија на тема Зелен Еразмус, размена на знаења за зелените практики и подигнување на свеста за зелените политики и зелените работни позиции
Семинарот ќе понуди можности за вмрежување на учесниците (SCH & VET), можности да најдат партнери и да иницираат нови проекти (проекти за мобилност (KA1), како и проекти за соработка (KA2),
Дополнителни информации:
Запознавањето со различните климатски предизвици со кои се соочуваат земјите, но и креирањето одговор на истите, е одличен почеток за покренување на прашањето за одржливост. Оттука, овој семинар создава простор за запознавање со различните еко-иницијативи и проекти кои постојат и чија цел е да ја унапредат работата на полето на одржливост и здрава животна средина.
Понатаму преку споделување на најдобрите практики во секоја од земјите. имаат за цел да создадат мотивирачка атмосфера за учество и прилагодување на стекнатите знаења во нивната секојдневна работа.
Целни групи:
Наставници и училишен персонал кои спроведуваат зелени активности и политики, кои имаат искуство во програмата Еразмус+ со цел проширување на квалитетот и обемот на реализација на активностите.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 06 – 08 април 2023 година (06 април е ден на пристигнување, 08 април е ден на заминување) во Скопје.
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Крајниот рок за поднесување на апликации е 26.03.2023 година.
Форма за аплицирање: https://salto-et.net/events/show/MK01_0477_THO_2023
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 15 учесници на семинарот - Спроведување на политики и зацврстување на регионалната соработка во поглед на “Green Balkans” со цел квалитетна имплементација на зелените политики и при реализација на истиот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.